Руското жито добива на квалитет, Франција незадоволна

Сергеј Фомин/Global Look Press

Француска делегација на почетокот на следната година ќе се обиде да спречи Русија да го продава своето жито на Алжир. Производителите на квалитетна пченица во Франција ги загрижуваат обидите на руските конкуренти да се изборат за африканскиот пазар, пренесува „Ројтерс“

Затоа француска делегација ќе го посети Алжир во првата половина на 2019 година, изјави соработник на канцеларијата на францускиот министер за трговија.

Франција отсекогаш се сметала за еден од најголемите производители на жито со висок квалитет, додека Русија за извозник на жито со низок квалитет. Но, сега, очигледно ситуацијата се променила.  

Во 2017 година Русија го имаше најголемиот род на жито за целата историја на земјата, а во февруари оваа година странските медиуми пренесоа дека Русија со своето жито храни половина свет.

Прочитајте повеќе: Путин: Наредниве години Русија ќе стане предводничка на светскиот земјоделски пазар

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња