Америка гледа закана во рекордниот принос на пченица во Русија

Legion Media

Рекордниот принос на руската пченица и нејзиниот рекорден извоз би можеле да ја загрозат благосостојбата на фармерите во САД, предупредуваат американските медиуми.

Додека на светските берзи цената на пченицата продолжува да паѓа, руското земјоделие цвета, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Американскиот весник истакнува дека Русија во изминатата земјоделска сезона, која заврши на 30 јуни, извезла преку 40 милиони тони пченица, што е планетарен рекорд, пренесува RT. Освен тоа, американските новинари додаваат дека наведениот показател е „најголем за сите земји во светот во последниве четвртина век“.

„Уште една закана за земјоделието на САД претставува јакнењето на конкуренцијата од страна на Русија“, се наведува во прилогот. За тоа време земјоделските претпријатија во САД се затвораат со рекордна брзина почнувајќи од 80-те години.

Минатата година службата за земјоделство на странските земји на Министерството за земјоделство на САД подготви прогноза за производството на житарици, каде се наведува дека извозот на пченица од Русија ќе „достигне рекордно ниво од 31,5 милиони тони”.

Меѓутоа, оваа година приносот на пченица во Русија е понизок отколку во 2017 година.

Прочитајте повеќе за молневитиот пораст на извозот: Половина свет купува руска пченица

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња