Толку голем пораст на извозот на прехранбени производи од 25 отсто последен пат е забележан 2012 година. Според податоците на рускиот извозен центар изразени во пари, се работи за 19 милијарди долари, со што во однос на претходната година е поставен нов рекорд.
Молневитиот пораст на извозот се објаснува со скокот на испораките на замрзната риба и шеќер, меѓутоа, главниот удел во извозот на животните намирници, како и изминатите години, отпаѓа на пченицата која руските фармери ја извезоа во речиси половина од земјите во светот. Русија минатата година на Америка ѝ ја отстапи позицијата на главен извозник на пченица, меѓутоа, годинава таа без каков било сомнеж ќе си ја врати.
Генерално земено, извозот на житарки според податоците на СовЕкон веќе сосема се доближи до рекордот од 50 милиони тони. Во периодот од јули 2017 до јануари 2018 година, Русија извезла 48 милиони тони житарки. Според прогнозите на Министерството за земјоделство на РФ, во сезоната 2017/2018 која завршува на 30 јуни оваа година извозот на пченица ќе достигне 45 милиони тони, што значително ги надминува 35,5 милиони тони од претходната сезона.
Египет минатата година си ја врати челната позиција на увозник на руски прехранбени производи, преземајќи ја титулата на главен увозник од Кина. Рускиот извозен прехранбен пазар активно расте.
За наредниве години е прогнозиран значителен пораст на испораките на житарки во Тајланд и Индонезија, како и во земјите на Латинска Америка. Русија, патем, на европскиот пазар на храна учествува со 12 отсто. Изразено во пари, тоа изнесува речиси две милијарди долари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче