Русија се подготвува да го отвори во Сирија најголемиот центар за извоз на пченица на Блискиот Исток

Русија планира да го отвори во Сирија најголемиот центар за извоз на жито на Блискиот Исток, а за тоа ќе биде неопходна и соодветна инфраструктура, изјави министерот за сообраќај на Сириската Арапска Република Али Хамуд, пренесуваат руските медиуми.

„Со руската влада се договоривме за отворање на хаб за извоз на руска пченица во другите земји во регионот“, рече Хамуд.

Како што истакна тој, за таа цел ќе бидат потребни повеќе пристаништа во Сирија и изградба на силоси за прием на голема количина руска пченица. Тој додаде дека во регионот засега ја нема сообраќајната инфраструктура неопходна за транспорт на пченицата од складиштата во соседните земји.

„Затоа ќе ни бидат потребни железници и патишта, а сето тоа е се најде во склоп на комплетниот проект со чија реализација, се надеваме, ќе почнеме наскоро“, рече министерот, истакнувајќи дека ја гледа „реалната заинтересираност“ на руската страна за развој на тој проект. Тој додаде дека Сирија разговара со руските компании за изградба на складиште за цитруси во пристаништето Тартус. Руските бродови кои ќе доаѓаат натоварени со пченица ќе се враќаат со овошје и зеленчук во Русија, а тоа ќе претставува стимул за поморскиот сообраќај, рече тој. Како што нагласи министерот, ресорот работи на создавање на поморски навигациски рути меѓу Сирија и Русија.

Потпретседателот на кримската влада и постојан претставник на Република Крим при претседателот на РФ Георгиј Мурадов изјави летово дека регионалните власти го разгледуваат предлогот на Дамаск за отворање на сириска трговска куќа на полуостровот. Според него, кримските производители можат да ѝ испорачуваат на Сирија пченица, градежен материјал, механизми за железница, воено-технички помошни производи, а да увезуваат портокали, мандарини, лимон, маслиново масло, прехранбени производи, памучни ткаенини и ѓубриво.

Прочитајте повеќе: Русија планира производство на градежен материјал во Сирија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња