Екстремно зголемена продажбата на „Лада” во странство

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Во текот на првите девет месеци од оваа година компанијата АвтоВАЗ продала во странство 27398 возила и монтажни системи, што изнесува 65% повеќе отколку истиот период лани, се наведува во соопштението на службата за односи со јавноста на најголемиот руски производител на автомобили. Притоа само во јуни се продадени 3508 автомобили или 34% повеќе од лани.

Најпопуларни модели се Lada 4x4 и Lada Vesta, на кои во вкупниот извоз на компанијата отпаѓаат по 30%. Компанијата АвтоВАЗ почна со продажба на возила во две држави и отвори девет продажни центи, така што сега автомобили од марката Lada можат да се купат во Тунис и дури два града во Чиле – Сантјаго и Пунта Аренас. До крајот на оваа година е планирано отворање на 35 дилерски центри во 11 земји во светот, пренесуваат руските медиуми.

Притоа во низа земји автомобилите Lada предничат на пазарот, па така во Белорусија во првите девет месеци од годината АвтоВАЗ ја зазеде втората позиција по продажба на возила, додека во Минск, Гомељ, Могиљов, Пинск, Витебск и Гродно се отворени модерни дилерски центри.

Руската компанија си ја поврати водечката позиција според продажба на возила во Казахстан со пазарен удел од 22,9%, што е 5,2% повеќе од лани.

Во Русија во периодот од јануари до јули оваа година најпродаван автомобил беше Lada Vesta, на второто место се наоѓа Lada Granta, а на третото Lada Largus.

Инаку, Lada Vesta забележа во јуни рекордна продажба од 9843 возила во Русија, што во однос на истиот период лани е за 49% повеќе и на тој начин ја симна од тронот, како што се чинеше, непобедливата Kia Rio.

Прочитајте повеќе: „Лада Веста“ доби управување со помош на смартфон