„Автоваз“ на Саемот на автомобили во Москва претстави пет нови модели на „Лада“

Lada.ru

На московскиот саем на автомобили кој штотуку ги отвори своите капии веќе се случи долгоочекуваниот настан - премиера на пет нови модели на „Автоваз“, пишуваат руските автомобилски медиуми.

Како што се и очекуваше, претставена е новата генерација на семејството Lada Granta. Моделот осмислен во веќе препознатливиот  автовазовски „икс стил“ ќе се произведува во четири верзии на каросерија – како седан, лифтбек, хечбек и караван. Малку подоцна на пазарот ќе биде пласиран и кросоверот.

Спортската верзија на седанот Vesta е вториот новитет на „Автоваз“. Автомобилот доби агресивни додатоци, неколку незначителни измени на внатрешноста и 1,8-литарски мотор кој развива малку повеќе од 140 коњски сили.

Вниманието на публиката на премиерата го привлекоа и крос верзиите на седаните Lada Vesta и XRay, кои добија зголемен клиренс (растојание до тлото) и ознаката Cross во називот.

Главниот новитет беше концептуалниот автомобил Lada 4x4 Vision, со препознатливите икс-форми на предната и бочните страни, олицетворение на дизајнерската визија на новата генерација кросовери, како што истакнуваат специјализираните магазини. Со класичната Lada 4x4 концептуалниот автомобил воопшто нема сличност, додека неговата надворешност потсетува на Renault Duster.

„Ќе продолжиме да ги развиваме нашите производствени погони, да ги прилагодуваме и интегрираме најдобрите меѓународни технологии и процеси, да ја развиваме социјалната политика. Ќе сториме сѐ претпријатијата на „Автоваз“ да бидат во ист ранг со најдобрите фабрики на алијанаата во целиот свет“, рече директорот Ив Каракацанис на премиерната презентација, истакнувајќи дека новитетите, промените на брендот и лидерството на компанијата на рускиот пазар придонесуваат за стабилноста во фабриките на „Автоваз“ во Толјати и Ижевск, пренесува РИА „Новости“.

Погледнете како „Автоваз“ ја најави „премиерата која ќе промени сѐ“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња