„Лада Веста“ доби управување со помош на смартфон

Lada.ru

Lada Vesta е првиот модел на најголемиот руски производител на автомобили кој доби систем за далечинско управување Lada Connect.

Идните сопственици на тој начин преку паметен телефон ќе можат да го стартуваат моторот и да контролираат многу други функции. Lada Connect е телематска платформа со помош на која можат далечински да се отклучуваат и заклучуваат вратите на автомобилот, да се исчитуваат кодовите на грешките, вклучуваат фаровите, добиваат информации за температурата во внатрешноста на возилото, да се проверуваат горивото и полнењето на акумулаторот, да се управува со звучната и светлосната сигнализација, што може да биде од помош при пронаоѓањето на возилото на паркинг, но и да се управува со системот за автоматско стартување на моторот.

На купувачите на Lada од септември на располагање им стои дополнителната опција за вградување на телематскиот систем Lada Connect, изјави претставник на АвтоВАЗ.

Lada Connect исто така овозможува во онлајн режим да се следи моменталната локација, нуди детален увид во рутите на движење, техничката состојба, статистиката на користење. Системот го следи и однесувањето на возачот на патот и дава совети за економично и безбедно возење. Врз основа на напредниот систем за прибирање и обработка на податоците за користењето на автомобилот, на сопственикот му се овозможува заштеда во одржувањето на возилото, но и кога се работи за КАСКО осигурувањето.

Системот засега не е достапен во основниот пакет, туку само како дополнителна опција. Предложената цена изнесува 29999 рубли (околу 400 евра), вклучувајќи ја претплатата за три години, додека по истекувањето на тој рок таа изнесува 4000 рубли годишно (околу 50 евра). На тоа треба да се додадат и 6000 за вградување (околу 80 евра), иако, како што нагласува претставникот на АвтоВАЗ, цената во крајната инстанца се разликува од продавач до продавач. Телематскиот систем е креиран од компанијата „Лабораторија на паметно возење“, иако не е познато по која цена. Фирмата претходно испорачуваше телематски уреди за осигурителните компании, а потоа реализираше сличен интерактивен систем Lifan Connect за кинескиот седан Lifan Murman.

Прочитајте повеќе: АвтоВАЗ: Сите модели на „Лада” во наредните три години преминуваат на нова платформа

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња