Познатата руска автомобилска компанија го стартуваше производството на легендарниот теренец „Лада 4х4“ од нова генерација која доби мошне стилски измени.
Компанијата АвтоВАЗ почна со производство на подобрена верзија на својот теренец. Новата генерација возила „Лада 4х4“ поседува нова комбинација на уредите сместена во каросеријата која ја карактеризира контраст на црни и портокалови дезени. Освен тоа, според соопштението на прес-центарот на компанијата, за „Лада 4х4“ со пет врати се појави ново издание под назив Black Edition и тоа по цена од 599 илјади рубли. Го карактеризираат врвни перформанси кои вклучуваат клима уред, екстерни огледала на електричен погон и електрично греење, како и подобрена вибрациона изолација.
Каросеријата на автомобилот за „Black Edition“ верзијата е обоена во „пантер“ црна боја, а алуминиумските фелни се исто така направени во црна боја. Слични тркала од 16 инчи се монтирани и на „Камуфлаж“ верзијата на „Лада 4х4“.
Специјалната верзија 4х4 „Урбан“ќе биде достапна во продажба по цена од 567 илјади рубли. Опремена е со двобојни фелни „Гризли“ на кои има црна позадина комбинирана со сребрена исполирана површина. Верзијата „Лукс“ доби електрично прилагодување и греење на надворешните огледала, како и сребрени фелни од лесен алуминиум, во склоп на унапредувањата на дизајнот. Нејзината цена се движи од 523 илјади рубли.
„Лада 4х4“ е достапна во пет главни верзии: со три или пет врати, „Урбан“ со три или пет врати, како и специјална верзија со зголемена проодност – „Лада 4х4 Бронто“.
Треба да се напомене и дека вчера медиумите пишуваа за промените на цените во моменталната генерација на возила – продавниците на овие автомобили добија писмо од АвтоВАЗ во кое се информирани за зголемување на цените за сите варијанти на „Лада 4х4“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче