Лада Нива - првак на рускиот извоз

Lada.ru
Според податоците на агенцијата „Автостат”, во септември и октомври 2017 година се извезени 1088 автомобили „Лада Нива”.

Во октомври се извезени вкупно 1,9 илјади автомобили од руско производство. Притоа не се сметаат земјите-членки на Царинската унија.

Теренското возило „Лада Нива” на компанијата ВАЗ го зазема првото место според извозот со речиси 25% од вкупниот број на извезени автомобили. Во октомври се извезени 477 теренци, како модели со три, така и со пет врати. На второ место според продажбата е Renault Duster од руско производство со 383 автомобили. А трет е седанот „Лада Веста” со 193 извезени возила.

Експертите истакнуваат дека „Лада Нива” веќе втор месец по ред предничи според извозот. Во септември во странство се продадени 611 возила, а најмногу во Летонија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња