АвтоВАЗ: Сите модели на „Лада” во наредните три години преминуваат на нова платформа

Lada.ru

На деловните средби во состав на 11 Меѓународен форум „Автоиндустрија. Автоделови” кој деновиве се одржа во Толјати, посебен акцент беше ставен на новата индустриска платформа на која во наредните три години има намера да премине „Алијансата Рено-Нисан-Мицубиши“, во чиј состав е најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ.

Сите модели кои се произведуваат денес до 2021 година ќе претрпат значајни измени. Со воведувањето на новата индустриска платформа ќе се промени и LADA Vesta и целокупната линија модели, рече потпретседателот на АвтоВАЗ Венкатран Мамилапале. Тој ги повика снабдувачите да го подигнат нивото на квалитет и подобрат производството на компоненти за да бидат во моментот на преминување на новата платформа на висината на барањата за новите модели.

„Многу е важно да се сфати дека ние зависиме од инженерингот. Очекуваме нашите снабдувачи да бидат квалификувани... Тоа е  од исклучително значење за целата Алијанса. Автомобилските компоненти кои ќе се произведуваат овде, во Русија, ќе можат да се користат во нејзините претпријатија во целиот свет“, рече Мамилапале.

Меѓу дваесетте најпродавани возила во Русија минатата година се најдоа осум модели на пет марки автомобили на Алијансата „Рено-Нисан-Мицубиши“. Компанијата ја заврши годината со удел на пазарот од 36%.

Треба да се каже дека Lada Vesta е најпродаваниот автомобил во Русија, а во првите десет месеци оваа година (76189 продадени возила; + 39%) го „прешиша“ главниот конкурент Kia Rio (75071 примероци; + 2%). Исто така Lada Granta изби на прво место на листата од 25 најпродавани нови лесни и лесни комерцијални возила во септември. Минатиот месец беа продадени 9936 примероци на овој модел, што е 838 повеќе од септември минатата година. Granta по нешто повеќе од година дена си ја врати лидерската позиција. Последен пат на врвот на листата се наоѓаше во август 2017 година. Наредните премиери на автомобили од марката Lada на рускиот пазар ќе бидат спортската Vesta и теренецот Xray. Нивната продажба ќе почне веќе во ноември. Руските автомобилски гигант не ги изнесуваше во јавност плановите за идната година.

Прочитајте повеќе: Како ќе изгледаат спортските верзии на седанот „Лада Веста“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња