Како СССР се обиде да го реши недостатокот од храна?

Киргизская ССР. Трактора Тянь-Шаньской передвижной механизированной колонны "Севводстроя" во время подготовительных работ на будущем водохранилище в Куланакской долине.

Киргизская ССР. Трактора Тянь-Шаньской передвижной механизированной колонны "Севводстроя" во время подготовительных работ на будущем водохранилище в Куланакской долине.

Nikolay Zhiganov/TASS
16 август 1956 година беше одбележан со нов поттик на советските власти во облик на кампањата „Девствени полиња“. Милиони луѓе отпатуваа во источните региони на земјата за да се обидат да го зголемат земјоделското производство. Но, нештата тргнаа по надолна линија по охрабрувачкиот почеток.

Никита Хрушчов, колхоз "Московски". Извор: Валентин Соболев/TАССНикита Хрушчов, колхоз "Московски". Извор: Валентин Соболев/TАСС

Кампањата „Девствени полиња“, која имаше за цел искористување на новите земјишта за земјоделско производство, е покрената во 1954 година. Тоа беше идеја на Никита Хрушчов кој беше на чело на Советскиот Сојуз за време на студената војна. Тој планираше претворање на необработливите територии во обработливи површини со цел драматично зголемување на производството на житарки и на тој начин да се бори со недостатокот од храна во СССР.

На 16 август 1956 година владата донесе декрет: „Наводнување и расчистување на Девствените полиња“. Над 1.5 милиони луѓе отпатуваа во степите на Казахстан, во Поволжје, Сибир и Урал, со цел да одгледуваат житарки.

Москва, СССР. Членови на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз организираат состанок за да учествуваат во кампањата Девствени полиња, осмислена за зголемување на приносот на посевот. Извор: В. Зунин / ТАССМосква, СССР. Членови на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз организираат состанок за да учествуваат во кампањата Девствени полиња, осмислена за зголемување на приносот на посевот. Извор: В. Зунин / ТАСС

Властите се потпираа на ентузијазмот на младите. Во проектот волонтираа околу 300 илјади членови на Комсомолот (Комунистички младински сојуз, основан во 1918). Во кампањата за текот на педесеттите години од минатиот век учествуваа вкупно 1.7 милиони луѓе.

Демобилизирани советски војници заминуваат на Девствените полиња, 1 јули 1960. Извор: Михаил Озерски/ТАССДемобилизирани советски војници заминуваат на Девствените полиња, 1 јули 1960. Извор: Михаил Озерски/ТАСС

Леонид Брежњев, кој  во 1964 година го замени Хрушчов на чело на СССР, претходно беше именуван за прв секретар на Комунистичката партија на Казахстан во 1955 година. Подоцна ја објави книгата „Девствените полиња“.

 Извор: Николај Жиганов/ТАСС Извор: Николај Жиганов/ТАСС

„Пикот на Девствените полиња беше во 1956 година. Приносите беа огромни“, пишува Брежњев. Навистина, таа година приносот бил исклучително висок. Произведени биле над 125 милиони тони житарки, што било најголемо производство кое Советскиот Сојуз го има доживеано. Половината од тоа е произведено на Девствените полиња. Но, потоа производството почнало да опаѓа.

Резултатите од кампањата беа амбивалентни. Од една страна, земјишната маса користена за одгледување житарки е зголемена за 45 милиони хектари. Поголемото количество житарки извесно време го ублажи недостатокот од храна, но тоа не беше долгорочно решение.

Казашка ССР, СССР. Колона камиони полни со жито од Девствените полиња. Извор: Владимир Давидов/ТАССКазашка ССР, СССР. Колона камиони полни со жито од Девствените полиња. Извор: Владимир Давидов/ТАСС

Од друга страна, секоја жетва беше непредвидлива. Исто така, животните услови на оние кои заминале да ги култивираат Девствените полиња биле оскудни. Немало доволно машини. Условите на сувата земја во Казахстан не биле поволни за производство на житарки, а проблем бил и ерозијата на земјата.

Извор: ТАССИзвор: ТАСС

Во текот на педесеттите години од минатиот век Девствените полиња „голтаа“ 20% од сите советски вложувања во земјоделството. Критичарите истакнуваат дека програмата ги занемарила останатите рурални подрачја на Советскиот Сојуз. Еден од противниците на Хрушчов во советскиот врв Вјачеслав Молотов тврдеше дека големината на кампањата била грешка, нарекувајќи ја „непромислен обид“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња