Зошто на Русија ѝ е потребна иранската нафта?

Според процените на експертите, потпишувањето на руско-иранскиот меморандум токму во овој момент во голема мета е мотивирано од заострувањето на односите помеѓу Русија и Западот. Извор: АР

Според процените на експертите, потпишувањето на руско-иранскиот меморандум токму во овој момент во голема мета е мотивирано од заострувањето на односите помеѓу Русија и Западот. Извор: АР

Русија и Иран потпишаа меморандум за заемно разбирање на рок од 5 години, со кој се предвидува нагла активизација на економската соработка. Овој документ ги положува темелите за комплексна соработка во трговско-нафтената сфера помеѓу двете земји во вредност од повеќе милијарди. Сепак, не само руските компании се активни во иранскиот правец – тука се и конкурентите од другите земји, меѓу кои и од западните.

„Со меморандумот е предвидено проширување на трговско-економската соработка во сферата на изградба и реконструкција на производните капацитети, развој на електроинфраструктурата, нафтениот и гасниот систем, но и испорака на машини, опрема и стока за широка потрошувачка“, објаснуваат во Министерството за енергетика на РФ. Во овој ресор прецизираа дека за конкретни договори во рамките на назначениот правец ќе се разговара на 9-10 септември во Техеран на заседанието на меѓувладината комисија на РФ и на Иран (каде копреседатели се Новак и Зангане). 

Нафта во замена за стока 

Станува збор пред сè за купување на иранска нафта од страна на Русија. Страните првично споменуваа мошне голем обем – до 25 милиони тони годишно, што претставува приближно четвртина од вкупното иранско производство на нафта. Сега според податоците на весникот Комерсант договорот е со поскромен обем од 2.5-3 милиони тони годишно. Иран ќе ја продава нафтата по пониска цена од „брент“. Вредноста на годишниот договор би мижела да изнесува 2.35 милијарди долари.

Голем обем 

Стручњаците сметаат дека дури и 3 милиони тони годишно, односно 1.5% од производството на Иран, претставува голем обем. Како што објаснува за „Руска реч на македонски“ аналитичарот на Инвесткафе Григориј Бирг, тоа е 10% од она што Русија го извезува во земјите од азиско-тихоокеанскиот регион и 2% од нафтениот извоз на нашата земја во ЕУ. „Тоа е голем обем за нафтениот пазар, особено доколку санкциите против Русија во иднина негативно влијаат на нивото на домашното производство на нафта“, смета Григориј Бирг. Според стручњакот, Русија може повторно да ја извезе суровата нафта, може да ја преработува во облик на нафтени деривати, а може и да ја користи на внатрешниот пазар.

Главниот проблем на соработката во сферата на нафтата останува пронаоѓањето варијанти за реализација на испораките кои би биле можни со оглед на нафтеното ембарго против Иран кој е на сила. Претходно беше разгледувана шемата за испорака во Белорусија и во Украина, каде руските компании имаат преработувачки капацитети. Сепак, ваквата варијанта беше отфрлена од политички причини. Сега се претпоставува дека главниот правец на испорака ќе биде Кина и на потрошувачите во Африка (веројатно во Јужноафриканската Република). 

Што можат да направат новите санкции?
Европската Унија официјално го објави новиот список санкции за Русија: активите и сметките на речиси сите кримски претпријатија во Европа ќе бидат замрзнати. Сепак, стручњаците ги нарекуваат секторските санкции најсериозни: руските државни банки нема да можат да даваат долгорочни кредити во Европа, а нафтените компании ќе бидат лишени од технологијата за добивање нафта на арктичкиот континентален гребен.

Покрај суровата нафта, Иран на Русија би можел да ѝ испорачува „петрохемиски производи, цемент, теписи, преработки на овошје и зеленчук“, смета амбасадорот на РФ во Техеран Леван Џагарјан. Иран има намера да ја искористи заработката за купување производи и услуги од РФ. Како што изјави амбасадорот на Иран во Москва Мехди Санаи, Техеран е заинтересиран за купување руска механизација, шини, товарни камиони, метал и житарки. 

Спогодбите помеѓу двете земји подразбираат и учест

во на руски компании во проекти за изградба и за реконструкција на електрани и на електрични мрежи на територијата на Иран. Според амбасадорот, Техеран е заинтересиран за учество на Русија во електрификацијата на својата железница. Иран, исто така, ја разгледува можноста за купување неколку стотини мегавати електрична енергија од Русија. Освен тоа, како што вели амбасадорот, Техеран би го поздравил започнувањето на заеднички проекти за изградба на минирафинерии на територијата на Иран и експлоатација на наоѓалиштата на гас. 

Санкциите ја забрзаа соработката со Иран 

Според процените на експертите, потпишувањето на руско-иранскиот меморандум токму во овој момент е во голема мера мотивирано од заострувањето на односите помеѓу Русија и Западот. „Москва која вложи големи напори во дипломатското решавање на иранското нуклеарно прашање, беше подготвена да се воздржи од потегот кој би можел да предизвика остра реакција од страна на САД. Но, ситуацијата сега се смени“, изјавува за комерсант стручњакот на ПИР-Центарот (Центар за политички истражувања на Русија) Андреј Баклицки и додава: „Русија сега е далеку помалку расположена за да ги слуша препораките на САД, а Иран, чие значење на Запад нагло порасна поради настаните во Ирак и поради потрагата за алтернатива на руските фосилни горива, доби голема слобода за маневрирање. Освен тоа, Москва претходно мораше да ги зема предвид заканите за американски санкции поради кршењето на нафтеното ембарго против Иран, но сега, кога против нафтениот сектор на Русија исто така се воведени санкции, на овој фактор му се придава помало значење“. 

Како уште една причина за забрзаната реализација на плановите на Москва со Техеран стручњаците го забележуваат и заострувањето на борбата за иранскиот пазар. Од крајот на минатата година, кога започна процесот за укинување на санкциите за Иран, во Техеран веќе престојуваа репрезентативни бизнис-делегации од Кина, Велика Британија, од Германија, Франција, Италија, Австрија, Шведска и од низа други земји. Исто така, деновиве „Reuters“ и „The Wall Street Journal“, повикувајќи се на извори од германските индустриски претпријатија, пренесоа дека, поради ситуацијата околу Украина и воведувањето на санкциите за Руската Федерација од страна на САД и на ЕУ, германскиот бизнис би можел да ги пренасочи своите инвестиции од руската на иранската економија. Германската трговско-индустриска комора прогнозира дека по понатамошното слабеење на санкциите против Техеран годишниот извоз на Германија во Иран ќе достигне 10 милијарди евра (во 2013 година тој изнесуваше 1.85 милијарди евра).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња