Огнена топка на небото над Санкт Петербург „фатена“ на видео

Метеори

Метеори

На интернет се појавија снимки и фотографии од кои се гледа како на небото над Санкт Петербург лета огнена топка. Стручњаците тврдат дека се работи за сјаен метеор.

Како што објаснија стручњаците од Пулковската опсерваторија, болидот најверојатно во целост изгорел во атмосферата, пренесува „Лента.ру“.

„Таа појава повремено се случува на целата планета, меѓутоа насекаде нема толку видео регистратори. Најверојатно се работи за ситно астероидно тело или крупна честица од струјата Персеида, од која неодамна излеговме“, изјави експертите.

Притоа природата на огнената топка и нејзината орбита засега не се прецизно дефинирани, соопштува Пулковската опсерваторија. На снимките нема точен опис на местото на кое се појави топката, а често споменуваното време на падот на објектот не е точно, нагласува вишиот научен соработник Сергеј Смирнов.

Локалните жители тврдат дека небесното тело во лет го виделе ноќта меѓу понеделникот и вторникот. Како што јавуваат корисниците на социјалните мрежи, огнената топка можела да се види во разни делови на градот околу осум часот вечерта.

„Одев на работа, не верував, мислев, едноставно сигнална ракета одозгора лета долго, беше при крајот зелена и згасна, според мене, околу 40 метри над земјата. Видов значително поблиску, на оддалеченост од околу 400 метри“, пишува еден од очевидците.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња