Неверојатен спој - европски ОРГУЛИ и руска народна БАЛАЛАЈКА (ВИДЕО)

Приватна архива
Русите обично не организираат концерти во црква. Меѓутоа, овие момци го прават токму тоа за да ја промовираат древната музика на еден неверојатен и интригантен начин!
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Се наоѓаме во црквата „Св. Петар“ - германска лутеранска катедрала во срцето на Санкт Петербург. Се смета за едно од најпопуларните места во градот за уживање во музика на оргули: хорските фантазии на Јохан Себастијан Бах, симфониите на Луј Верн, прелудиите и фугите на Јоханес Брамс - накратко, вистински црковни класици. Но, дали би очекувале дека меѓу оваа помпезна музика ќе слушнете весела руска балалајка која ќе ве натера да танцувате, а не да размислувате за возвишени работи?

Музички оксиморон 

Сергеј Силаевски, музичкиот директор на оваа катедрала, кој многу сериозно се занимава со древна европска музика, свири на своите омилени оргули - Виртуоз. Николај Ковалевич, еден од најпознатите руски народни музичари, свири балалајка.

„Се запознавме на 5 септември 2004 година во студентскиот дом на Санктпетербуршкиот конзерваториум на роденденската забава на еден од нашите соседи“, вели Сергеј. „Веднаш му го дадов прекарот партимен. Тој штотуку се запишал на Конзерваториумот, а јас бев веќе втора година. Но, не почнавме да свириме заедно до пред околу осум години. Николај го свири најрускиот инструмент, а јас најевропскиот“.

Идејата за мешање на такви неусогласени инструменти им паднала на ум кога Сергеј веќе работел на еден настап во црквата „Св. Петар“, каде што требало да го свират Моцарт. Според ова дуо, Моцарт напишал сонати за пијано и виолина, кои во основа се иста музика аранжирана за различни инструменти. „Ја зедовме идејата на Моцарт и ги направивме аранжманите на неговите сонати за балалајк“, вели Сергеј.

За едночасовниот настап Сергеј ставил стара перика и облекол наметка, а Николај носел народна носија. Каков музички оксиморон.

Тие денес ги аранжираат и Вивалди, Бах, како и помалку познати композитори од ерата на барокот, кои пишувале музика за оргули и чембало, како и за балалајка. Понекогаш им се придружуваат и свирачи на балалаика или нивни пријатели гитаристи и резултатот е апсолутно неверојатна музика.

„Пирамидална лаута“

„Топ класа“, „прекрасни варијации“, „виртуози“ се само дел од критиките кои дуото вообичаено ги добива од своите слушатели. Сепак, меѓу нивните обожаватели има и борци за музичка „чистота“. „Луѓето понекогаш ми пишуваат дека не се почитувам себеси како оргулист и дека се трошам на балалајка“, низ насмевка вели Сергеј.

„Затоа мојата балалајка на шега ја нарекувам пирамидална лаута“, вели Николај. Зошто? Принципите на свирење се слични, но звучи поцврсто.

Музичарите понекогаш своите настапи ги нарекуваат „Pratica quarta“ - „четврта изведба“. Објаснувањето е едноставно: во XVII век постоеле два пристапа за изведување музика - „Prima pratica“ или „Stile Antico“, што се однесува на музиката од раниот барок, како и „Seconda pratica“ или „Stile Moderno“. Подоцна следи „Terza pratica“ - свирење стара музика на стари инструменти (или нивни копии) кои многу се разликуваат од современите инструменти. „И тука е четвртата изведба - без употреба на историски инструменти, задржувајќи го стилот на старото свирење. Така го дефинираме нашето музичко експериментирање“.

Дуото планира да настапува не само во цркви и концертни сали, туку и на летни фестивали на отворено - тие ветуваат дека за тоа ќе користат мали електрични оргули.

Покрај тоа, балалајката на Николај често гостува на рок-концерти во естонската протестантска црква „Јани Кирик“ во Санкт Петербург (да, и таму се одржуваат рок-концерти!).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња