Украинската криза и „биковите“ од берзата

Не е првпат рускиот финансиски пазар да се соочува со висока волатилност предизвикана од наглата надворешнополитичка затегнатост. Во историјата на Русија имаше една слична епизода поврзана со воените дејствија на територијата на Јужна Осетија и на Абхазија во август 2008. Извор: АР.

Не е првпат рускиот финансиски пазар да се соочува со висока волатилност предизвикана од наглата надворешнополитичка затегнатост. Во историјата на Русија имаше една слична епизода поврзана со воените дејствија на територијата на Јужна Осетија и на Абхазија во август 2008. Извор: АР.

Странските инвеститори се враќаат на рускиот пазар на хартии од вредност. Кризата во Украина во текот на првите две недели ги урна индексите на руската берза, но веќе следниот ден по кримскиот референдум беше забележан раст на берзанските показатели. За два дена индексите на Московската берза скокнаа во просек за 6-7%. Експертите велат дека тоа значи оти пазарот не верува во остри санкции против Русија и ја споредуваат оваа ситуација со 2008 година (војната со Грузија).

„Бикови“ и „мечки“ 

Во берзанската типологија „бикови“ и „мечки“ означуваат два типа посредници на берзата кои меѓусебно се разликуваат според видливиот дел на стратегијата. „Биковите“ очекуваат зголемување на цените: потпишале договори за купување и им одговара поскапувањето за да можат да продадат за поскапо. „Мечките“ очекуваат намалување на цените, имаат потпишано договори за продажба и им одговара да паѓаат цените за да купат поевтино. 

Руска реч на македонски

Во текот на изминативе две недели странските инвестициски фондови кои откупуваат руски акции остварија чист профит од 340 милиони долари. За споредба, од почетокот на јануари до 1 март фондовите забележаа чиста загуба од 425 милиони долари. До ваков голем пресврт дојде штом на 1 март Советот на федерацијата му одобри на претседателот да ги примени Вооружените сили на Русија на територијата на Украина доколку има потреба за тоа, а првиот работен ден на берзата, во понеделникот на 3 март, рускиот пазар на акции забележа пад од 11%. 

Слична е ситуацијата и со отворените инвестициски фондови кои откупуваат руски акции. Од почетокот на март руските акции на отворените инвестициски фондови им донесоа профит од 196 милиони долари, а профит остварија и фондовите на руските облигации, истакнува началникот на секторот за инвестициски операции на „Ланта Банка“ Олег Подимников. Такви големи профити фондовите немаат забележано веќе речиси една година. До почетокот на пролетта клиентите секогаш добиваа повеќе пари одошто вложуваа.

Шпекулантите заработија на кримската криза 

Парите се враќаат во Русија благодарение на шпекулантите кои сакаат да заработат на руските хартии од вредност на кои им падна цената, уверен е Владимир Осаковски од американската инвестициска банка Merrill Lynch кој е во постојан контакт со американските инвеститори. Според него, клиентите на американската банка веќе почнале да даваат поволни понуди во Русија („бикови“). Едни бараат можност да купат акции чии цени се на минимално ниво, а други инвеститори се интересираат за можноста да понудат кредити на руските компании.


Кликнете за поголема верзија.

И Белата куќа во суштина ги потврди активностите на американските инвеститори кои ги вложуваат своите пари во руски акции. Претставникот на Белата куќа Џеј Карни на 19 март ги повика американските компании да не купуваат руски акции со оглед на заострувањето на политичката ситуација поврзана со присоединувањето на Крим кон Русија, јавува „Ројтерс“. Карни својот апел го образложи со тоа што присоединувањето на Крим наводно негативно ќе се одрази на руската економија, а покрај тоа и дека Русија ќе има големи загуби поради санкциите. 

„Странските инвеститори купуваат руски акции поради сериозниот пад на нивната вредност заради геополитичкиот конфликт, зашто се надеваат дека акциите наскоро ќе почнат да растат“, вели берзанскиот аналитичар од MFX Broker Сергеј Некрасов. Тоа би било невозможно доколку бидат воведени строги економски санкции против Русија. Значи, пазарот смета дека санкциите против Русија ќе бидат симболични и дека нема да бидат толку строги како економските санкции против Иран, изјави Николаос Панигирцоглу, експерт за парични текови и ликвидност во банката JPMorgan. 

Експертите веруваат во закрепнување 

Ова не е првпат рускиот финансиски пазар да се соочува со висока волатилност предизвикана од наглата надворешнополитичка затегнатост. Во историјата на Русија имаше една слична епизода поврзана со воените дејствија на територијата на Јужна Осетија и на Абхазија во август 2008.

Кои санкции можат да ја исплашат руската економија
На почетокот на март меѓународната изолација на Русија, санкциите и ограничувањата изгледаа како шпекулација. Ако на 16 март референдумот за статусот на Крим донесе одлука за влез во состав на Руската Федерација, ваквите закани можат да се претворат во стварност.

„Излезе дека реакцијата на пазарот е слична според многу параметри“, вели за „Руска реч на македонски“ Максим Петроневич. Заменик-директор на Центарот за економско прогнозирање на „Гаспромбанк“. На пример девалвацијата на рубљата во 2014 година изнесуваше 1.9%, а во август 2008 година овој показател изнесуваше 2.8%. Наглиот пад на берзанските индекси во сегашната ситуација е поголем во однос на тогашната ситуација. Сега тој достигна 12%, а тогаш изнесуваше 6.5%, што е поврзано со фактот дека низ територијата на Украина се транспортираат 80% од вкупниот извоз на рускиот гас кон земјите од ЕУ, како и со многу поширокиот ареал на денешниот руски бизнис“. 

„Пазарите ги земаа предвид ризиците на воената интервенција на територијата на источна Украина, што би имало крајно негативно влијание и би ја заострило ситуацијата“, додава Егор Сусин, главен експерт на Центарот за економско прогнозирање на „Гаспромбанк“. Според него, инвеститорите се плашеле од многу поостри санкции од страна на САД и на ЕУ, како и од сеопфатна трговска војна во случај доколку Русија од своја страна исто така возврати со строги санкции. „Но, тоа не се случи, САД и ЕУ се ограничија на санкциите насочени кон конкретни личности, што не ја загрозува економијата и финансиското работење на земјата во целина. Освен тоа, овие санкции не подразбираат остар одговор од страна на Русија“, објаснува Егор Сусин. 

Потпирајќи се на искуството од 2008 година експертите прогнозираат брзо закрепнување на пазарот. „Земајќи ги предвид сигналите добиени од политичарите може да се очекува постепена нормализација на ситуацијата, иако финансиските пазари и понатаму ќе останат внимателни. Ако се претпостави дека историската паралела со настаните од 2008 година е точна, тогаш пазарот релативно брзо ќе ги поврати загубите и ќе се врати на своето стабилно ниво чии темели се доста цврсти. Во август 2008 година пазарот си ги поврати позициите за само една недела од завршувањето на воените дејствија“, смета Петроневич.

Во подготовката на текстот користени се материјали од изданието vz.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња