Лавров: Светот не извлече поука од проблемот со Косово

„Во Југославија во 1999 година беше отворена Пандорината кутија, а потоа светот не извлече поука од косовскиот проблем”, изјави Сергеј Лавров на отворањето на самит на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Белград, известува дописничката на „Руска реч на македонски“ Динара Грачова.

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација одржа говор на отворањето на самитот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ во Белград, укажувајќи на централните прашања кои треба да ги решава оваа организација. „Сите гледаме дека ОБСЕ не го реши проблемот на бесконфликтното партнерство. Развојот на настаните во Европа сега потсетува на она што се случуваше пред Првата светска војна“.

Министерот истакна дека Европа сега не може да си го дозволи луксузот да западне во конфликти, затоа што мигрантската криза предизвика хаос и разулавеност на тероризмот, а денеска беа убиени 14 луѓе во американскиот Сан Бернардино. Терористичките напади над Синај, во Париз и на други места  ја доведуваат во прашање безбедноста на државите од ОБСЕ. „Околу нас е непријател кој ја руши современата цивилизација. Ние пред сѐ предлагаме да се отвори антитерористички фронт, во склад со предлогот на претседателот на Русија Владимир Путин на заседанието на Генералното собрание на ОН“, рече Лавров.

Рускиот министер исто така истакна колку е важно да се решат конфликтите во Сирија и Јемен, и тоа не на начин на кој ќе се имитира нивното решавање, туку да се преземат вистинските чекори. Тој истовремено истакна дека е невозможно да се делат терористите на добри и на прифатливи.

„Не смее да се дозволи терористите да ги уништуваат традиционалните вредности својствени за сите светски религии, да ги уништуваат душите на младите луѓе, а за медиумите важно да не играат на картата на меѓуверските војни“, рече Лавров. Тој предложи ОБСЕ да се концентрира на регионите на јужниот Медитеран и настаните од „арапската пролет“ и да го реши долгогодишниот палестински проблем.

„Во Југославија 1999 година е отворена Пандорината кутија, а потоа светот не извлече поука од косовскиот проблем. На крајот го гледаме конфликтот во Украна, каде сега виновниците целата своја вина ја префрлаат на други, место да ја укинат блокадата на Донбас. Треба да се запре уништувањето на спомениците подигнати во чест на победата над фашизмот“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња