„Студена војна“ – слободна трговска зона

Извор: АР.

Извор: АР.

Во последно време сè повеќе се интензивираат разговорите околу создавањето на таканаречената Трансатлантска слободна трговска зона, во која би требало да влезат земјите-членки на Европската Унија и САД. Во врска со оваа иницијатива неколкумина стручњаци од Русија го искажуваат своето гледиште.

Вашингтон и Брисел го разгледуваат патот за создавање слободна трговска зона. Набљудувачите истакнуваат дека на овој начин САД, исто како и Западна Европа, не се обидува само да склопи трговски, туку всушност и политички сојуз, за да се заштити од експанзијата на Кина.

Во февруари годинава американскиот претседател Барак Обама во својата порака „За состојбата на државата“ истакна два големи меѓународни проекти – Транстихоокеанскиот и Трансатлантскиот.

Како еден од најамбициозните проекти секако може да биде Трансатлантското партнерство. Треба да се спомене дека ваквата идеја за првпат беше предложена од германскиот канцелар Ангела Меркел. Уште пролета 2007 година Берлин претстави пакет-предлози за усогласување за законите на ЕУ и САД во економскиот и во трговскиот сектор. Сепак, за време на претседателствувањето на Џорџ Буш САД не бараа сојузници. На Вашингтон му беа потребни шест години за да „созрее“ за идејата што ја предложи Ангела Меркел.

Главниот уредник на магазинот „Русија во глобалната политика“, претседателот на Одборот за надворешна и одбранбена политика, Фјодор Лукјанов објасни дека САД иницирал создавање на Трансатлантско трговско инвестициско партнерство, зашто нивното влијание во светот почнува да слабее.

„Создавањето партнерство пред сè е обид на Западот и на САД да ги вратат своите изгубени позиции“, смета Лукјанов. „Како противници се поставуваат земјите во развој од Југоисточна Азија, особено Кина.“

Но, некои стручњаци се сомневаат во тоа дека соработката помеѓу ЕУ и САД ќе донесе некаква економска предност. „На многу подрачја (како што се електроенергетиката, машиноградбата, лесната индустрија и делумно земјоделство), САД и ЕУ не се натпреваруваат само со Кина, туку, во значителна мера, и меѓу себе“, истакнува политикологот и заменик-претседател на Центарот за стратешка комуникација Дмитриј Абзалов.

Механизмите за слободна трговија функционираат слабо, тврди политикологот. Во услови на криза сите држави воведуваат некакви бариери за конкуренција. Ниту Вашингтон, ниту Брисел нема да ги жртвуваат своите работни места заради некаква интеграција.

Постојат многу препреки на патот за соработка, вели Лукјанов. „Има многу несогласувања помеѓу САД и ЕУ. Да го земеме, на пример, односот кон генетски модифицираната грана. Тоа во Америка е норма, а во Европа ваквата храна е забранета. Ќе биде интересни да се види како ќе се реши ова прашање.“

Поголемиот дел стручњаци е уверен дека, и да дојде до слободна трговија, рамноправноста ќе биде само на хартија. „Европа ќе мора да се потчини. Производството ќе се сконцентрира во Америка“, смета Лукјанов. „На Европа нема да ѝ остане ништо друго, освен да се преквалификува во сервисна економија“.


Создавањето партнерство пред сè е обид на Западот и на САД да ги вратат своите изгубени позиции. 

Фјодор Лукјанов 

Раководителот на одделот за ориенталистика на Високата школа за економија Алексеј Маслов не се сомнева во тоа дека иницијативата на Вашингтон и на Брисел е всушност огледна реакција на истата таква иницијатива на Кина да се здружи со своите азиски соседи.

„Државите од Југоисточна Азија се еден од најголемите трговски партнери на Кина. Ако се симнат сите царински бариери и се создадат услови за трговија, тоа ќе стане еден од најголемите трговски региони“, изјави Маслов за списанието „Взгљад“.

За САД најопасно би било остварувањето на еден друг предлог на Пекинг: создавање трговска оска Кина-Кореја-Јапонија. Исто така Пекинг во повеќе наврати предложи да се укинат царинските бариери со републиките од Средна Азија.

Стручњакот објаснува дека во ваква ситуација Вашингтон би морал адекватно да делува. Ако се оствари само еден од проектите, ќе се создаде голема трговска зона, што во голема мера ќе го ослаби влијанието на САД во овие региони. 

Рускиот текст на сајтот на vz.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња