Песков: Лидерите во светот навикнуваат Русија жестоко да ги штити своите интереси

РФ на чело со Путин ќе продолжи да ги штити своите интереси, истакна портпаролот на претседателот ДМитриј Песков за ТАСС.

Во текот на мандатот на Владимир Путин на најважната државна функција, во светот се појавија лидери кои се навикнуваат на фактот дека Москва жестоко ги штити своите државни интереси.

Ова мислење беше искажано од портпаролот на претседателот Дмитриј Песков на „тркалезната маса“ во ТАСС, посветена на 15-годишнината на Путин на власт.

„За 15 година порасна генерација млади кои не знаат што е тоа крајот на Советскиот Сојуз во 1970-80-те, не знаат што е ужасот на 1990-те и кои пораснаа како генерација на Путин“, истакна Песков. Според него, „мнозинството од тие млади луѓе си наоѓа свое место во Русија – тие знаат што да прават, подготвени се да работат и да се консолидираат околу Путин“. „Ова го вели статистиката“, додаде претставникот на Кремљ.

Според Песков, „истовремено со тоа во светот се формира клуб на светски лидери кои исто така не знаат што е тоа Русија без Путин и кои почнуваат да се навикнуваат дека Русија многу цврсто ги штити своите интереси и почнуваат да сфаќаат дека Русија ќе продолжи да го прави тоа на чело со Путин“.  

Путин никогаш не се плаши од одговорност и се труди да не ги испушти шансите што се појавуваат.

Портпаролот истакна дека Путин ја чувствува големата одговорност што лежи на  него за ситуацијата во земјата, затоа што „нему му веруваат луѓе и во време на криза се случува уште поголема консолидација“. Токму со Путин, и со никој друг, луѓето ги поврзуваат своите надежи и се подготвени да работат на подобрување на ситуацијата“, изјави Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња