Пансловенска унија во 21 век?

Знамето на панславистичкото движење, утврдено на панславистичкиот конгрес на 12 јуни, 1848 година во Прага. На основа на ова знаме е креирано југословенското знаме, а на основа на идеологијата на панславизмот - југословенството.

Знамето на панславистичкото движење, утврдено на панславистичкиот конгрес на 12 јуни, 1848 година во Прага. На основа на ова знаме е креирано југословенското знаме, а на основа на идеологијата на панславизмот - југословенството.

Дали пансловенска унија може да биде алтернатива на изневерените македонски надежи за НАТО и ЕУ?

Кога на Букурешкиот самит на НАТО во 2008 година, Република Македонија остана со празни раце, без ветената покана за полноправно членство, елитите и граѓаните за момент станаа единствени - во разочарувањето. Од моментот кога Македонија зачука на вратите на НАТО, а нејзините институции застанаа зад оваа надворешно-политичка и безбедносна политика, сé до 2008-та, се претпоставуваше постоење не само на единствена политичка волја (консензус меѓу партиите), туку се зборуваше и за национален консензус, односно несомнена поддршка и на граѓаните. За волја на вистината, покритичните аналитичари ќе забележат дека вистинска јавна делиберација и стручна дебата за безбедносни алтернативи никогаш и немало. Околностите под кои Македонија дојде до независност, и сите проблеми кои ја следеа на патот до меѓународно признавање (вклучувајќи го и „проблемот со името“, кој останува и натаму отворена рак-рана), не беа поволни за јавна, демократска и рационална дебата. Во услови на борба за опстанок, тешко замисливо е да се води дебата за било какво сензитивно прашање од државен интерес, особено за оние од сферата на одбраната и безбедноста. Демократски традиции немаше, елитите подеднакво без некаков потврден демократски кредибилитет, а околностите сложени. За разлика од поранешната југословенска Република Словенија, каде уште пред распадот на СФРЈ во интелектуалната и академската заедница се промовираа најразлични идеи, па дури и за демилитаризација на идната, независна држава, македонската јавност се уште колебливо заговараше создавање на македонска војска. Не помина многу, по осамостојувањето, кога падна одлуката за зачленување во НАТО. Во годините кои следеа, во областа на одбранбените реформи се вложуваше најмногу, во настојување да се исполнат НАТО стандардите, но и во надворешната политика се преземаа чекори за обезбедување сигурна политичка поддршка од „нашиот моќен сојузник“, како што се именуваа(т) САД. Низ траа призма треба да се гледа и на некои непримерени чекори, како што беше, на пример, потпишувањето на билатералниот договор со САД за непризнавање на јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд за американските државјани или за лица кои работат за САД, иако самата Република Македонија му пристапи на Римскиот статут и се обврза тој да важи за нејзините сопствени граѓани. Следуваше и конкретна воена партиципација во мисиите во Ирак и Авганистан, сé со надеж дека така ќе се обезбеди сигурно членство во Алијансата, а потоа и во ЕУ. Се смета дека ако како мерка за степенот на партиципација на македонски војници во операцијата ИСАФ се земе соодносот на воениот контингент и вкупната популација, тогаш Македонија е на високото четврто место на ранг-листата на нации кои учествуваат во мисијата во Авганистан.

Времето минува, Македонија останува пред портите на НАТО, или подобро - на чардак ни на небо, ни на земја! Иако со големо задоцнување, и онака заглавени во беспатијата на Авганистан, никогаш не е доцна да се размислува за алтернативи. Една од нив, која од неодамна исплива на површина, односно која на извесен начин беше наметната од медиумите, се однесува на идејата за создавање пансловенска унија.

Токму пред своето заминување од позицијата, претседателот Џорџ Буш (помладиот) се обиде да го амортизира ударот (кој и самиот го почувствува, и тоа од една мала членка на НАТО, Грција, но и од сите оние кои не го спореа нејзиното право на вето). На Република Македонија ѝ беше понудена утешна награда - специјален договор за соработка во областа на одбраната. Мнозина (недоволно информирани или неуки) новинари и посматрачи помислија дека е ова сигурен знак дека земјата влегува под посебен заштитен чадор на САД. Уште поголема еуфорија донесе една идеја од предизборната кампања на републиканецот МекКејн: напуштање на НАТО од страна на САД и формирање на Лига на демократиите. Сé уште се сеќавам на воодушевениот новинар кој ми се јави да побара коментар на оваа „генијална идеја“: замислете, професорке, ние ќе бидеме примени во Лигата, а Грците ќе останат надвор - и решен проблем, ем сме во еден нов безбедносен контекст, ем ќе го сочуваме името. Му кажав дека попусто се надева, а и дека е необично Американците да даваат „сертификат“ кој е демократија, а кој не е, според своите национални и гео-политички интереси.

Времето минува, Македонија останува пред портите на НАТО, или подобро - на чардак ни на небо, ни на земја! Иако со големо задоцнување, и онака заглавени во беспатијата на Авганистан, никогаш не е доцна да се размислува за алтернативи. Една од нив, која од неодамна исплива на површина, односно која на извесен начин беше наметната од медиумите, се однесува на идејата за создавање пансловенска унија. Не е јасно дали станува збор за „пробен балон“ за испитување на реакциите на јавноста, но јасно е дека се реактуелизира една идеја стара со векови, а при тоа зад неа не само што нема изграден концепт и визија, туку е и несоодветна за светот во 21 век. Од она што може да се прочита, пансловенската лига би функционирала како Европската Унија и НАТО заедно (т.е. „2 во 1“!?), а на нејзино чело би била Русија. Вака поставено е јасно дека заговарачите на оваа идеја воопшто не прават суштинска разлика меѓу ЕУ и НАТО, односно меѓу она што е концепт на супранационалност и наднационалност. Во првиот случај станува збор за создавање на политичка заедница (polity), односно за пренесување на значителен дел од државниот суверенитет и со тоа поместување на локусот на лојалноста од национално на едно повисоко и квалитативно ново ниво. За да го оствари ова, на ЕУ и беа потребни многу децении, а не еден декрет. Метаморфозата на ЕУ не е завршена, а мнозина дури и предвидуваат и лош крај, додека други се надеваат на уште една успешна епизода во менаџирање на конфликтните интереси меѓу државите, меѓу државите и Унијата, меѓу државите и недржавните центри на моќ, но најважно од сé - меѓу државите и граѓаните. НАТО е многу „попримитивна“ организациона форма, каде суверенитетот не се пренесува, правото на вето се задржува, но и целите се врзани исклучиво со безбедносната агенда. Мнозина, со право, на НАТО гледаат и како на инструмент на САД за вршење влијание во Европа, но и како двигател на глобалната милитаризација. Јасно е дека двете меѓународни организации кои се посочуваат како модел имаат и различен reason d’etre, различни траектории на развој и различни цели. Всушност, кога не би постоела суштинска разлика меѓу нив, тогаш би станувало збор за дуплирање. Во вредносна смисла, точно е дека и ЕУ и НАТО користат реторика која упатува на споделени (демократски) вредности, но и за културна блискост меѓу нациите кои се здружиле, меѓутоа не и за блискост во смисла на потеклото и идентитетот.

Македонците секогаш биле „сирачиња“, особено во оние времиња кога се создавале националните држави на Балканот. Тие никогаш немале зад себе јасна руска поддршка, која секогаш инклинирала кон поголемите нации како српската или бугарската, а на штета на Македонците. Блиските руско-грчки односи создава друга димензија на фрустрација во современи услови. 

Дали е воопшто можна и како би изгледала пансловенската унија/лига во 21 век? Или поконкретно, како на оваа идеја може да се гледа од страна на македонските елити и граѓаните? Дилема нема дека пансловенството е само една варијанта на истакнувањето на крвта, потеклото, па и претпоставена културна и религиска блискост, како круцијални елементи на заедништво. Историјата била сведок на голем број слични идеи во различни делови на светот, но и на трагедиите кои ги следеле обидите за институционализирање на вакви „природни“ заедници, во кои „сите се еднакви/исти, ама некои се поеднакви од другите“. Ваквиот концепт во неговата помодерна варијанта е Хантингтоновски (концептот кој имплицира нужен судир на цивилизациите како глобална иднина), па затоа дури не може да се нарече политичка утопија, туку повеќе гео-политичка дистопија.

Блискоста по крв, без оглед дали е таа словенска или со некаков друг трибален предзнак) нужно почива на митови за (наводно) заедничко минато, национализам, исклучивост, па и нетрпеливост кон Другите (кои не се исто по крв со Нас). Дури и најголемите пансловенски ентузијасти мораат да признаат дека државите кои ги перцепираат како потенцијални учесници во ваквата унија одамна не се „чисто словенски“. Освен тоа, Словените развиле различни културни матрици, па и политички и други традиции. Не мал број епизоди на средби со колеги од другите „словенски земји“ (Русија, Чешка, Словачка, па дури и Словенија) сведочи дека по првичните обиди да се разбереме по „нашки“ (секој на својот јазик), на крајот не наведува да преминеме сложно кон англискиот кој е lingua franca. Од аспект на Македонците, големите надежи, па и залажувања, во врска со сојузништвото со западните сили, е делумно резултат на националното чувство на отфрленост. Македонците секогаш биле „сирачиња“, особено во оние времиња кога се создавале националните држави на Балканот. Тие никогаш немале зад себе јасна руска поддршка, која секогаш инклинирала кон поголемите нации како српската или бугарската, а на штета на Македонците. Блиските руско-грчки односи создава друга димензија на фрустрација во современи услови. Но, најголемиот проблем во обединувањето на „Словените“ од просторите на поранешна Југославија е искуството на југословенството, незалечените рани од конфликтите, отсуството на опипливи резултати од настојувањата за помирување. До скоро за Македонците можеше да се каже дека се најголеми југоносталгичари, но сега веќе и тоа е дискутабилна теза: трагањето по „корените“ ги одведе многу поназад во историјата, до антиката, па и до амебите. Амбициите се зголемија заедно со фрустрациите кои произлегуваат од негацијата на македонската посебност, меѓу другото и од братска Бугарија. Некои балкански аналитичари ценат дека гасоводот „Јужен тек“ е онаа економска основа која ќе создаде основа за поврзување и постепена интеграција на раскараните народи од Балканот. Но, се чини дека Македонија и во оваа смисла останува „несакано“ дете, па е изоставена од оваа енергетска линија.

Некои балкански аналитичари ценат дека гасоводот „Јужен тек“ е онаа економска основа која ќе создаде основа за поврзување и постепена интеграција на раскараните народи од Балканот. Но, се чини дека Македонија и во оваа смисла останува „несакано“ дете, па е изоставена од оваа енергетска линија.

Ако некој и размислува за алтернатива на ЕУ (НАТО за мене не е алтернатива, туку е облик на воено-политичко организирање кое е само маска за милитаризација на меѓународните односи и затоа треба да се укине), нужно мора да води сметка дека во глобализираниот свет, во најдобар случај државите соработуваат заради интереси, а поединците имаат можност без преседан да си стануваат поблиски не заради крвта и некакво (замислено или глорифицирано) минато, туку заради тоа што се луѓе, различни ама и слични по своите базични човечки потреби и својства. Зрелата анархија на меѓународниот поредок бара почитување на меѓународното право, пред кое сите држави (треба да) се еднакви, без оглед на тоа дали се големи или мали. Соработката меѓу граѓаните не секогаш ја следи линијата на соработката на државите, затоа што постојат безброј опции за комуникација, споделување, дружење, па и активизам од сите меридијани. Целта на таквите недржавни и вондржавни активности, како за почеток, може да биде демилитаризацијата и борбата за социјална правда и човекови права.

Надвор од недемократската идеја за пансловенска унија, останува огромен неискористен простор за јакнење на билатералните односи меѓу Македонија и Русија, односно меѓу граѓаните на двете земји. Како помоќна држава, Русија би можела малку поексплицитно да покаже дека Македонија не е „слепо црево“ во нејзините балкански (енергетски и други) проекции. Заради своите добри односи со другите балкански држави кои имаат проблем со македонскиот идентитет, Русија би можела поактивно да се вклучи во медијаторска улога и да помогне во надминувањето на овие идентитетски проблеми, кои се атавизам во 21 век. И секако, да ја поддржи Македонија во глобалните форуми...

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња