Феноменот на руското козаштво во десет клучни зборови

Борис Ушмаjкин/Sputnik
За Козаците знаеме уште од крајот на XV век, а тие постојат и денес, чувајќи ја пред сé традицијата на предците. Дознајте што е тоа што ги прави толку посебни преку примерот на десет клучни поими од животот и историјата на Козаците.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Козак

Руското козаштво е необичен културен феномен. Во својата најчиста форма не е ниту класна ниту етничка група, попрво би можело да се каже етносоцијална заедница која има свои обележја.

Етимологијата на зборот „Козак“ не е разјаснета до крај. Според едно толкување, преведено од монголски, тоа значи „да се чува граница“, а Козаците навистина биле воена формација која ги чувала границите на Руската империја.

Според друга верзија, тоа е турски збор што значи „храбар, слободен човек“. Токму така е напишано во Големата советска енциклопедија и тоа е тешко е да се оспори.

Козаците отсекогаш ѝ служеле на државата, но биле и слободољубиви луѓе, па оттука и козачките востанија. Така, Козаците Степан Разин во XVII век и Емелјан Пугачов во XVIII век воделе големи војни против царската војска.

(Тихиот) Дон

Донските, кубанските, запорошките, сибирските, уралските козаци живееле во разни делови на земјата и биле од различна националност, но сепак сите биле Козаци. Првата официјална козачка војска настанала токму на Дон, 1570 година Донските Козаци добиле повелба од Иван Грозни.

За време на Граѓанската војна (1918-1923) Козаците беа поделени и додека едни ги поддржуваа „црвените“ болшевици, други беа за „белите“ монархисти. Сепак, многумина беа неодлучни и преминуваа од едната на другата страна, што е маестрално опишано во најважниот роман на Михаил Шолохов „Тихиот Дон“. Тенденцијата на некои Козаци да се бунтуваат ја искористи и Хитлер, кој привлече на своја страна неколку нивни формации за време на Втората светска војна.

„Вољница“

Козаштвото се зачнало, како што се претпоставува, во кругот на избегани селани кои сакале слобода од државата или своите газди и бремето на феудалните обврски. Затоа во козачките населби постоел единствен систем на самоуправа во Русија, на руски „вољница“.

Сите прашања биле дискутирани на таканаречениот „козачки круг“, каде што се собирале возрасните мажи и одлучувале кого да погубат или парично да казнат, кој ќе оди на лов или риболов, а кој ќе чува стража.

Атаман

На чело на самоуправата бил атаманот кого слободно ги бирале возрасните мажи. Атаманот имал голема репутација, неговите совети и одлуки биле почитувани.

Притоа неговата власт не била авторитарна. Освен тоа, во секое време можеле да изберат нов атаман, а и тој можел да се повлече.

Коњ

Козак без коњ е исто што и војник без пушка. Козакот без коњ е сирак насекаде. Козакот е гладен, а коњот сит. Се добива впечаток дека народните поговорки на најдобар можен начин зборуваат за улогата на коњот во животот на Козаците. Едноставно, Козак без коњ не е Козак.

Јавањето се учело уште од раното детство. Загубата на верниот коњ се оплакувала како загуба на близок член на семејството. Како дел од редовната армија, Козаците биле во коњаничките единици, иако имало и пешадиски полкови.

Шашка

Она без што не можело да се замисли вистинскиот Козак, покрај коњот е и шашката - сабја со долго сечило што можело да сече и боде, благо свиткана. Козакот секогаш ја носел шашката на појасот и речиси спиел со неа.

Сликата на Илја Репин „Запорошките Козаци му пишуваат писмо на турскиот султан“ може да послужи како добра илустрација. Дејството се случува за време на руско-турската војна во XVII век, меѓутоа, Козаците ни во моментите на опуштеност не се одвојуваат од шашките кои стрчат на сите страни. Покрај тоа, во споменатото познато писмо, Козаците богато го „гоштеваат“ султанот со клетви и навреди. На сликата се гледа како се смеат, смислувајќи отровни формулации (една од најблагите „ти си муцка свинска“).

Во ракувањето со шашка Козаците биле вистински акробати, а фланкирањето, маестралниот танц со сабја, на некој начин е сличен на џигитовката, само без коњ.

Најдобро погледнете ја видеоснимката.

Папаха

Модниот и козачкиот изглед и фризурите се разликувале со текот на времето и од регион до регион. И додека едни оставале перчин на избричената глава, други пуштаа долги зулуфи, а трети не ја бричеле брадата.

Меѓутоа, за многумина заедничка работа била крзнената капа папаха. На почетокот тоа била традиционална машка капа кај народите од Кавказот и Централна Азија. А подоцна дошла и во козачката војска. Во XV век Донските, йужните Козаци во Русија дури ги нарекувале Черкези, мешајќи ги со истоимениот кавкаски народ.

Газири

Друг детал без кој не може да се замисли козак се газирите на градите, џепчиња сошиени на кафтанот, черкеската, исто така традиционално козачко парче облека. Некој би можел да помисли дека биле наменети за цигари (токму таква шега постои во советскиот филм „Кавкаската пленица“), меѓутоа, џепчињата се користеле за чување на барутот, за да се заштити од влага.

Шалвари

За многу Козаци, традиционални парчиња облека биле и многу широките панталони, шалвари кои се стеснувале на коленото. Меѓутоа, козачката војска носела и панталони со рамен крој и бриџ панталони кои станаа униформа на Црвената армија.

Во Црвената армија за исклучителна храброст се наградувало со црвени револуционерни шалвари. Во советскиот филм „Офицери“ е снимена импресивна епизода поврзана со тоа признание.

Танцот „Казачок“

„Казачок“ има многу сличности со украинскиот народен танц гопак, а меѓу историчарите има различни мислења за тоа кој танц е постар. Главен елемент е играње во чучната положба со исфрлување на нозете, наизменично, скокови во височина со шпага во воздухот, како и најразлични акробации кои ја покажуваат козачката храброст. Подоцна овие движења беа префрлени во советскиот морнарички танц „Јаблочко“.

„Казачок“ започнува полека, дури и нежно, така што темпото се засилува, а танцот станува пострасен.

Слушнете ја првата симфониска фантазија на тема казачок на композиторот Александар Даргомишки во 1864 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња