Тие живееле според сопствени закони на слободните територии на јужна Русија. Биле воена сила, една од најсигурните во Руската Империја. Од друга страна, постојано им правеле главоболки на руските цареви кои сакале да управуваат со козачките заедници и да ги контролираат.
Емељан Пугачов
Public domainЈалуторовски затвор
Максим Слуцки/TASSЗборот „козак“ („казак“) е од туранско потекло и означува слободен човек, талкач, некој што трага по среќата. Очигледно е дека во Русија така ги нарекувале луѓето кои не биле врзани за определен стопан или за спахија.
Првите козаци биле луѓе кои живееле во близина на границите на руските кнежевства, главно на југ, отприлика од 14 и 15 век. Живееле во утврдени населби направени така што би го бранеле кнежевството од номадските племиња кои се движеле по таканаречените „Диви полиња“ или „Куманска степа“ меѓу Владимирско-Суздаљската Русија, Каспиското и Црното море.
Учесници во историската реконструкција на Раздарската опсада во 1643 година во Ростовската област
Сергеј Пивоваров/SputnikШтом во Московската држава се појавила централизирана власт (отприлика во 15 век), првите велики московски кнезови се обиделе да ги ангажираат козаците. Козачките воени формации учествувале во битките на московските кнезови против номадските татарски племиња. Козаците ѝ служеле на Московската држава и ја бранеле од непријателите во пограничните градови. Московската власт делумно ги поддржувала и им испраќала офицери кои не биле козаци.
Во различни делови од Руската империја имало над 20 посебни козачки армии. Тие имале статус на релативно слободни заедници и го зачувале сè до крајот на 19 век. Меѓу нив најголема и најстара била Донската козачка војска (во басенот на реката Дон на територијата на современа Украина). Козачката војска од регуларната армија се разликувала по тоа што во мирнодопски услови лесно можела да се расформира, по што сите козаци се враќале дома и живееле како слободни луѓе. Биле ослободени од плаќање данок на имот, како и од други даноци, а исто така и од регрутација, но затоа биле стриктно задолжени да дојдат со коњ и со оружје на првиот повик на централната власт.
Степан Разин
Сергеј КириловОбластите во кои живееле козаците во 17 и во 18 век станале дел од Русија. Поради политиката на Московското царство 1667-1671 година избило востание на Донските козаци познато како Селанската буна на Степан Разин. На почетокот на 18 век донските козаци биле покорени од страна на Петар Велики и тогаш нивната земја станала дел од империјата.
Емељан Пугачов
Public domainЗа време на Екатерина Велика избило востание 1773-1775 на чело со Емељан Пугачов. Потоа донските козаци биле строго задолжени да ѝ служат на државата. Козаштвото станало специфичен ентитет во рускиот народ, со определени привилегии и задолженија.
Експедицијата на Семјон Дежњов
Клавдиј ЛебедевЕрмак, кој го покорил Сибирскиот ханат, Семјон Дежњов кој го открил она што денес се нарекува Берингов мореуз и многу други руски пионери од 17 и 18 век се третираат како козаци зашто служеле на границите на руската земја, ги чувале нејзините граници и го ширеле нејзиното влијание. Семјон Дежњов навистина служел како козак во сибирскиот град Тобољск. Сепак, овие сибирски козаци немале многу сличности со козаците од Донскиот крај. Не биле обединети во некаква воена формација и повеќе личеле на граничари.
„Запорошки козаци му пишуваат писмо на константинополскиот султан“, Иљја Репин.
Козаците не припаѓале на ниту една конкретна националност. Поголемиот број Донски козаци биле со мешовито потекло, делумно средноруско, а делумно јужњачко со силно татарско и полско влијание, така што тие не можат етнички да се дефинираат.
Кубањски козаци кон крајот на 19 век
SputnikПоголемиот дел му припаѓале на руското православие и на руското старообредништво. Христијанската вера ги дефинирала во поголема мера, одошто националноста или местото каде живееле. Освен тоа, со козачките принципи и со нивниот начин на живот се поврзани мошне различни луѓе кои се идентификувале како козаци.
Козак во акција
Getty ImagesОна што веднаш паѓа во очи кај козаците е нивната „фризура“, нивните мустаќи и облеката во јарки бои која многу потсетува на облеката на народите од Северен Кавказ. Сличноста потекнува оттаму кога станува збор за облеката на професионалните воини и коњаници кои живеат во потоплите краишта. Козаците од десеттата година ги учеле момчињата да јаваат, да ракуваат со сабја и да пукаат со пушка.
Козаците за првпат се изброени во пописот од 1897 година, и тогаш ги имало околу 3 милиони (1.448.382 од машки и 1.480.460 од женски пол). Но, нивниот вистински број бил многу поголем. Ги имало вкупно околу 5 милиони во целата империја.
Групен портрет на козачко семејство.
russiainphoto.ruКозаци на советската Црвена армија уживаат во одмор.
Getty ImagesВо советско време многумина козаци биле изложени на репресии зашто поголемиот дел силно се спротивставиле на болшевиците. Болшевичката власт спроведувала политика на „раскозачување“, односно на елиминирање на козаштвото. Од 1918 до 1924 година голем број козаци биле стрелани и уште поголем број биле масовно депортирани. На територијата на Донската козачка војска во 1917 година живееле околу 4.5 милиони луѓе, од кои половината се изјаснувале како козаци. На истото подрачје во 1921 година останале само околу 2.2 милиони луѓе.
Сепак, во советската армија постоеле козачки воени формации, иако според бројноста тие не можеле да се споредат со козачките армии на Руската Империја.
Во денешно време луѓето кои се изјаснуваат како козаци или велат дека имаат козачко потекло живеат на териториите на Русија, на Казахстан, на Украина и во различни делови од светот (многумина козаци емигрирале од Русија по болшевичката револуција од 1917 година).
Руски козаци
Getty ImagesВрховниот совет на Советскиот Сојуз во 1989 година официјално призна дека против козаштвото биле применувани неправедни репресии и го потврди нивното право на официјална политичка рехабилитација. Владата на Руската Федерација во 1994 година изјави дека „преродбата на козаштвото како традиционална руска државна служба е еден од елементите на новата руска држава“.
Денес постои руска милитаризирана формација која се нарекува Државен регистар на козачките друштва на Руската Федерација. Тоа е обединета хиерархија на современите руски козачки заедници во различни делови од земјата. Исто така постои Совет за прашања на козаштвото при претседателот на Руската Федерација. Сега во Русија има околу 140.000 козаци (членови на козачките заедници) и регистрирани се 11 поголеми козачки заедници, но бројот на козачките потомци е далеку поголем.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче