Жител на селото Кули
Кунсткамера/russiainphoto.ruВо масовната култура на советскиот период овие џепчиња се поврзувале со народната носија на Кавказ, иако оваа облека е ретко користена, а исто така се асоцирала со Балбес, лик од култната комедија „Кавкаската заробеничка“. Во една епизода од овој филм јунаците се преоблекуваат во псевдокавкаска носија, а Балбес, кого го глуми Јуриј Никулин, во овие џепчиња ги чува цигарите и запалката.
Сцена од филмот „Кавкаска заробеничка или Новите авантури на Шурик“. Леонид Гајдај/Мосфиљм,1967
Леонид Гајдај/Мосфильм,1967Овие елементи од носијата се нарекуваа „газири“. Газири на градите носеле многу кавкаски народи, од Грузијците, Чечените и Осетинците до Кабарадинците и Адигејците. Русите ваквата носија за првпат ја виделе кај Черкесите, и затоа кафтанот со пришиени детали на руски се нарекува „черкеска“.
Черкес од Анапа (лево) и Канбардинец (десно).
Григориј ГагаринГазири на черкеските се пришивале од 18 век кога се појавило огненото оружје. Во отворите од ткаенина или од кожа се ставале фишеците со потребното количество барут. Ова во суштина бил своевиден реденик. Тука барутот не можел да се навлажни.
Раководители на Планинската република (Република на сојузот на народи на Северен Кавказ).
Тапа ЧермоевВо деловите кои се близу пазувите се чувал лач за распалување на полнењето, а подоцна специјална направа која се нарекувала капсула. Од секоја страна можело да има од 4 до 18 газири. На почетокот, за волја на вистината, не се пришивале на градите, ами се носеле во специјална торбичка „газирница“ која се префрлала преку рамо или се прицврстувала за појасот.
Газирница, село Кубачи (Дагестан), 19. век. Сребро, дрво, кожа, ширит, исткаена лента, гравирање, црна гравура.
shakko (CC BY-SA 3.0)Многумина Кавкасци војувале на коњи и затоа главната функционална карактеристика на газирот се состоела во тоа што пушката можела да се полни во галоп.
Козак од императорски конвој. Пјотр Веденисов/Архива на Александар Николаевич
Одиноков/russiainphoto.ruРуската Империја во 19 век почнала да ги освојува териториите на Кавказ и тогаш козачката војска презела многу елементи од облеката на кавкаските народи – папахи (крзнени шубари со рамен врв), бурки (долги прекривки од чоја) и шашки (повиени козачки сабји со една острица), а исто така и черкески со газири.
Особено „гиздави“ биле газирите со сребрени дршки. Патем речено, и царот Николај Втори сакал да носи черкеска со газири, но таа во неговиот случај служела само за украс.
Императорот Николај Втори во униформа на Лејб-гардискиот хусраски полк.
russiainphoto.ruНајпознат козак со газири бил баронот Врангељ, генерал на царската армија, а потоа еден од водачите на антиболшевичкото Бело движење, во кое козаците имале важна улога. Секојдневната воена униформа на Врангељ била црн кафтан со пришиени газири. Тој поради ваквиот специфичен изглед дури и го добил прекарот „црниот барон“. Имал и бела свечена униформа со газири.
Пјотр Николаевич Врангељ
Public domainКозаците ѝ служеле и на советската власт, па таа ја почитувала нивната традиционална униформа. На Парадата на победата во 1945 година козаците на градите носеле и газири и ордени.
Кубањски козаци на Парадата на победата на Црвениот плоштад на 24 јуни 1945 година во униформа од 1936 година (темносина черкеска со газири, капа кубанка со црвен врв).
Александар Кијан (CC BY-SA 3.0)Черкеската со газири денес често се користи како изведувачки костим во културно-уметничките друштва,
Народен ансамбли за песни и танци настапува на свеченоста посветена на 10-годишнината од признавањето на независноста на Абхазија од страна на Руската Федерација, Апхаски државен драмски театар во Сухуми.
Томас Тхајцук/SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче