Козаците со векови биле и гордост и главоболка на руските цареви. Во замена за определен степен на самоуправување овој воен сталеж која настанал со мешање различни етноси ги чувал границите на Руското царство.
Одличните коњаници Козаци знаеле да го преплашат непријателот, брзо и ефикасно ги растерувале демонстрантите на плоштадите и биле лична гарда на царот. Од друга страна слободољубивите Козаци би се запалиле веднаш штом би почувствувале дека некој им ги одзема правата и му се заканува на нивниот начин на живот.
Николај Втори со членови на семејството и со кубањски Козаци
Getty ImagesКрајот на монархијата и граѓанската војна ги поделил Козаците, како и целиот народ. Во молскавичните јуриши на коњиците на бескрајните простори на југот на Русија се судирале сега црвените и белите Козаци.
Козаци на Источниот фронт, 1915
Getty ImagesПоголемиот дел Козаци сепак биле на страната на Белото движење откако новите власти им ги одзеле правата и земјата, а по победата во Граѓанската војна советската власт тоа не им го заборавила. Политиката која се спроведувала имала за цел самиот поим козаштво да исчезне од рускиот јазик. Козаците го изгубиле правото да пристапуваат во Црвената армија (со исклучок на оние кои од почетокот на војната биле на страната на болшевиците).
Божиќ 1915 година
Getty ImagesМеѓународната ситуација во триесеттите години од минатиот век во опасноста од голема војна го натерале советското раководство да го смени односот кон Козаците. Започнала кампања за „советско козаштво“: На државата одеднаш ѝ бил потребен препород на козачките традиции и активно учество на Козаците во општествениот живот.
Козаци-болшевици
МАММ/МДФ/russiainphoto.ruНајважно е што во 1936 година била укината забраната Козаците да служат во Црвената армија. Некои коњички единици се нарекувале „козачки“. Потоа почнале да се формираат козачки дивизии и корпуси во кои војниците можеле да носат традиционална козачка униформа. Веќе следната година Козаците учествувале на парада на Црвениот плоштад.
Козачките дивизии учествувале во сите значајни битки на Големата татковинска војна. Коњаниците биле вооружени со сабји, пушки, митралези, па и со топови. Не можеа да им се спротивстават на германските тенкови, но беа мошне корисни во контранападите кога непријателот бегал на сите страни. Ефикасноста на Козаците во голема мера пораснала во 1943 година кога добиле полкови противтенковска артилерија и противвоздушна одбрана.
Мај 1944 година.
Getty ImagesЗа хероизмот козачките единици често се прогласувани за гардиски. Така една од најлегендарните единици на Црвената армија станала Третата гардиска коњичка дивизија во која биле главно Козаци од Кубањ. Од јули 1941 до мај 1945 година дивизијата има преминато 127.000 километри низ териториите на СССР, Полска и Германија и учествуваат во битките за Москва, за Варшава и за Берлин.
Април 1942 година.
Getty ImagesКозакот во Втората светска војна не бил задолжително коњаник. Деветтата краснодарска козачка пешадиска дивизија била толку опасна што Германците ги нарекле нејзините припадници „Сталинови главосечачи“. Еден од најдобрите советски тенкисти (52 уништени нацистички тенкови) бил Козакот Дмитриј Лавриненко, а конструкторот на оружје Фјодор Тогарев (таткото на „тете“ и на главната пушка на Црвената армија СВТ) бил исто така Козак.
Фјодор Токарев и неговиот син Максим
Public domainДоколку поголем дел од Козаците ја бранел татковината, некои не можеле да ѝ простат на советската власт за старите навреди и преминале на страната на Германците. На окупираните територии на кубањското и на донското козаштво активно се формирале козачки дружини и полициски баталјони кои се бореле против партизаните или биле чувари на заробените црвеноармејци.
Со нацистите во Русија се вратиле и козачките атамани кои ја напуштиле земјата по поразот во Граѓанската војна. Еден од нив бил Пјотр Краснов кој уште од првиот ден на почетокот на операцијата Барбароса на 22 јуни 1941 година им порачал на Козаците: „Ве молам да се пренесе дека оваа војна не е против Русија, ами против комунистите, Евреите и нивните слуги кои тргуваат со руската крв. Бог нека ги чува германското оружје и Хитлер!“
Пјотр Краснов, генерал-мајор на Руската императорска армија, атаман на Донската војска, политичар и публицист.
Public domainФирерот немал ништо против козачките колаборационисти зашто идеолозите на Третиот Рајх ги сметале Козаците за потомци на Остроготите или на Источните Гори, односно за чисти Аријци. Голема улога во тоа одиграла поддршката што Козаците во Германија им ја дале на Националсоцијалистичката германска работничка партија НСДАП уште пред да дојде на власт.
Козаци во германска униформа (Франција)
Scherl/Global Look PressВо козачките единици на Вермахтот и СС немало само Козаци. На пример, 15 козачки корпус на СС пред крајот на војната располагал со 25.000 луѓе, а таму имало Козаци, советски заробеници кои преминале на страната на Германија и околу 5.000 германски војници.
Козак во германска униформа
German Federal ArchivesНа Балканот имало многу Козаци кои се бореле на страната на Хитлер. Токму оттука бегале во Австрија и им се предале на Англичаните, само за да не ги фати Цревната армија.
Козаци во германска униформа
Scherl/Global Look PressНо, на 28 мај 1945 година Англичаните му предале на СССР околу 50.000 Козаци-колаборационисти. Над раководителите е применета смртна казна, а останатите биле осудени на робија во следните десет години.
Судењето на атаманот Пјотр Краснов, 16.1.1947 година.
С.С.Максимов,М.Е.Карышева/Воениздат, 1979.При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче