Михаил Шолохов: од козачки салаш до Нобелова награда

Извор: РИА Новости

Извор: РИА Новости

На 24 мај се навршија 110 години од раѓањето на советскиот писател Михаил Шолохов. „Руска реч на македонски“ ве потсетува на најинтересните детали од неговиот живот и од неговото творештво.

Обвинувања за плагијат 

Голема популарност на Шолохов му донел романот-епопеја „Тивкиот Дон“ (1928-1932) за донските козаци во Првата светска војна и во Руската граѓанска војна. Но, многумина критичари го доведуваа во прашање авторството на Шолохов. Според една верзија, тој под свое име објавил ракопис на непознат офицер од Белата гарда кој бил стрелан од страна на болшевиците. Освен тоа, многумина се сомневаа дека 21-годишно момче со скромно образование можел да создаде ваков длабок, обемен и психолошки изнијансиран приказ на животот. 

Чехов: 155 години од неговото раѓање
По повод 155-годишнината од раѓањето на големиот руски писател Антон Павлович Чехов „Руска реч на македонски“ ве почестува со еден од неговите генијални раскази!

Но, оние што го поддржуваат авторството на Шолохов едногласно тврдат: младоста и недостатокот од образование не е препрека за талентот, наведувајќи ги како пример младите генијални творци како што се Јохан Вофганг Гете и Томас Ман и скромното образование на Максим Горки и на Иван Бунин (исто така добитник на Нобеловата награда).

Козачкиот писател не бил Козак

Шолохов детството го поминал на козачки салаш, но точното место на неговото раѓање не е познато. Иако мошне уверливо, живописно и многу пишува за Козаците, тој немал козачко потекло. Татко му припаѓал на граѓанскиот сталеж и работел како управник на една парна мелница. Мајка му била од село и до мажачката работела како собарка. Шолохов се родил додека тие не биле во брак, зашто неговата мајка насила ја омажиле за некој друг човек, а не за неговиот татко. Дури по смртта на неговиот очув, родителите на Шолохов се венчале.

И Сартр го благословил... 

Францускиот писател и филозоф Жан Пол Сартр во 1964 година одбил да ја прими Нобеловата награда за литература и во своето образложение за ваквата одлука изразил жалење што претходната година наградата не му била доделена на Шолохов и дека „единственото советско дело што ја има добиено наградата била книга објавена надвор од Советскиот Сојуз и била забранета во својата земја“ (станува збор за романот „Доктор Живаго“ на Борис Пастернак, добитник на Нобеловата награда во 1958 година). 

Се смета дека оваа изјава влијаела врз членовите на Комитетот за доделување на Нобеловата награда и дека тоа ги поттикнало следната 1965 година наградата да му ја доделат на Шолохов со образложение: „за уметничката сила и за целосноста на епот за донските козаци што за Русија претставувало пресвртница“.

Екранизации на романот „Тивкиот Дон“ 

Во 20 век романот во Русија е екранизиран трипати (1939, 1958 и 1992 година). Екранизацијата од 1958 година, чиј режисер беше познатиот Сергеј Герасимов, доби голем број признанија. 

„Доктор Живаго“ во шпионска игра
Новинарите и научници Петра Куве и Питер Фин поминале многу години во обид да ја откријат вистината за првото издание за еден од најпознатите руски романи. Излегло дека славниот „Доктор Живаго“ на Пастернак на руски јазик го има објавено ЦИА во склоп на својата пропагандистичка војна против СССР. Куве и Фин за „Руска реч на македонски“ зборуваат за резултатите од истражувањата наведени во нивната нова книга „Случајот Живаго“.

Третата екранизација ја сними исто така познатиот режисер Сергеј Бондарчук, кој за екранизацијата на романот на Толстој „Војна и мир“, ги освои наградите Оскар и Златен глобус. Неговата екранизација на „Тивкиот дон“ беше копродукција на СССР, Велика Британија и Италија. Италијанскиот продуцент прогласи банкрот и италијанските банки долги години го имаа конфискувано речиси завршениот филм. Режисерот Сергеј Бондарчук не доживеа да го види својот филм на платно. Подоцна скратена телевизиска верзија на филмот монтираше неговиот син, режисерот Фјодор Бондарчук.

Таен податок за смртна пресуда 

Шолохов почнал да заработува на 15 години и сменил голем број професии: од физички работник до школски учител. Во 1922 година, кога работел како окружен даночен инспектор, Шолохов бил уапсен поради примање мито и бил осуден на стрелање. Неговиот татко платил голема кауција, а судот на Шолохов му издал нов извод од матична книга на родените според кој тој имал 15, а не 17 години. Стрелањето било заменето со казна од една година принудна работа во малолетнички затвор. Но, не е познато зошто Шолохов, кој во придружба на чувар бил испратен во затвор, никогаш не стасал таму.

Шолохов и Солженицин 

Познато е дека помеѓу двајцата писатели, добитници на Нобеловата награда, владееле комплицирани односи. Во седумдесеттите години од 20 век Солженицин беше меѓу оние кои го обвинија Шолохов за плагијат на романот „Тивкиот Дон“. 

Од друга страна, Шолохов ја поддржал хајката против Солженицин и го потпишал познатото „Писмо на група советски писатели до редакцијата на весникот Правда од 31 август 1973 година за Солженицин и Сахаров“, во кое овие двајца автори биле обвинети за обид за „предизвикување недоверба кон мирољубивата политика на советската држава“. Шолохов, како писател посветен на партијата, бил против доделувањето на Лениновата награда на Солженицин за романот „Еден ден на Иван Денисович“. 

Подоцна тие одбивале да ги коментираат делата еден на друг.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња