Главниот празник во православниот календар е Велигден, кој го прославува Воскресението Христово. Во Русија се слави дури и повеќе од Божиќ.
Русите го сакаат Велигден од многу причини. Меѓу другото, тој го означува крајот на долгиот пост и почетокот на вистинската пролет (тогаш обично паѓаат првите топли денови во годината). За овој празник се исто така поврзани многу обичаи кои се длабоко вкоренети во народот. Луѓето вапсаат и украсуваат јајца на различни креативни начини, печат велигденски колач куличи подготвуваат велигденски десерт пасха. Во сабота пред Велигден луѓето одат во црква за да ги осветат јајцата и колачот што ќе ги јадат следното утро.
Покрај Велигден постојат уште дванаесет важни празници што ги прославува Руската православна црква.
XVI-XVII век
Музеј на ПсковРаѓањето на Пресвета Богородица, мајката на Исус Христос, се прославува на 21 септември. Девет месеци претходно, на 9 декември, се прославува Зачнувањето на света Ана. Мошне долго света Ана и свети Јоаким немале деца и зачнувањето се случило кога ја посетиле светата земја Ерусалим.
Уште еден празник посветен на мајката на Исус Христос пред неговото раѓање кој го прославува влегувањето (воведението) на пресвета Богородица во храм. Родителите на Марија ја довеле во храм во Ерусалим за да му се заблагодарат на Бога што им подарил дете.
За разлика од католиците, православните христијани овој празник го слават на 7 јануари. Оваа разлика е поврзана со промената на календарот до коja дошло во Русија по Револуцијата од 1917 година. Потоа Божиќ во текот на многу години се славел тајно зашто советската власт ги забранила религиите и сите религиски празници. Наместо тоа се обиделе да воведат масовна прослава на Нова година.
Во современа Русија Божиќ и денес се слави мирно, обично во потесниот круг на семејството и пријателите и обично без подароци (кои се даруваат за Нова година). Со оглед дека е дел од новогодишните празници, тој е неработен ден, по кој набргу следуваат работни денови, па луѓето ги користат последните денови одмор за навистина да се опуштат.
На 19 јануари ширум Русија се слави Исусовото крштевање. Во оваа доба од годината обично е мошне ладно. Постои дури и израз „богојавлениски мразови“. Според обичајот, во текот на ноќта наспроти Богојавление и во текот на целиот следен ден луѓето нурнуваат во студена вода на отвор во мраз кој се нарекува „Јордан“ и често има облик на Чесниот Крст. Овој чин го симболизира Христовото крштевање.
Прославата на воведувањето во храм на Исус Христос паѓа на 15 февруари по новиот календар и обично се одбележува со голема свечена литургија во црквите, која е проследена со особено убав ѕвон. Денес овој празник во Русија не се слави толку масовно како некогаш. Верниците одат во црква или само го одбележуваат овој ден (избегнувајќи да работат тешки работи). Но, во Стара Русија тоа бил голем ден и луѓето памтеле настани кои тогаш се случиле. „Тоа се случи на Сретение“ или „една недела пред Сретение“, изрази кои и денес можат да се слушнат од постарите Руси.
Овој празник ја слави најавата на архангел Гаврил на Пресвета Богородица за претстојното раѓање на Исус Христос. Еден од омилените празници во Русија кој се слави на 7 април. Голем број икони и цркви се посветени на овој ден.
Воздвижението на Чесниот Крст православните христијани го слават на 27 септември. Празникот го одбележува пронаоѓањето на Чесниот Крст. Според легендата, го пронашла царицата Елена, мајката на царот Константин, некаде околу 300 година на новата ера. За време на ископувањето пронајдени се Пештерата на Гробот Господов и три крста. Кој од нив е крстот на распетието на Исус Христос е утврдено така што тие биле положени на мртовци, од кои само еден оживеал. Крстот исто така има излекувано болна жена. Овој празник исто така го слави осветувањето на Храмот на Воскресението Христово во Ерусалим. Руските верници на овој празник обично држат целоноќно бдеење (што значи дека не спијат, ами се молат цела ноќ) и држат строг пост.
На руски овој ден се нарекува Денот на Св. Троица. Педесетница значи дека се слави 50 дена по Велигден. Со самото тоа, празникот не паѓа на ист ден секоја година. Оваа година (2022) се слави на 12 јуни, зашто Велигден е на 24 април. Св. Троица е една од најзначајните религиски претстави во Русија. Ова сенародно почитување го одржува прочуената икона на Андреј Рубљов.
Една недела пред Велигден се слави Христовото влегување во Ерусалим. Во литургиските книги неделата пред Воскресение се нарекува Цветници. Додека на Запад се слави како Палмина недела, во Русија тоа е Врбина недела. Со оглед на тоа што во Русија не растат палми, нејзините гранки се заменуваат со врбини гранки кои во тоа време цутат. Затоа на овој празник руските домови се красат со букети од врбини гранки.
Четириесет дена по Воскресението Христос се вознел и се вратил на Бога во небесата. Овој ден секогаш се слави на 40 ден по Велигден и затоа е празник што се поместува. Иако ова е голем празник, Русите повеќе ја слават неделата по Велигден. Народниот назив на овој празник е Краснаја горка (Црвено брдо). Посветено е на јавувањето на Христос на апостолот Тома на осмиот ден по Воскреснувањето. Русите тогаш обично ги посетуваат гробовите на роднините, носејќи велигденски јајца и делови од колачите што останале по празникот.
Празникот Преображение е посветен на настанот кога апостолите Петар, Јован и Јаков се молеле на планината и кога Христос се преобразил пред нив во вид на светлина. Овој празник се слави на 19 август и според руската народна традиција се нарекува Јаболков Спас. Тоа е обично првиот ден кога можат да се берат јаболката и Словените порано по тој повод приредувале голема прослава.
Успение на Пресвета Богородица, 1932 година
Третјаковска галеријаНа 18 август Руската православна црква го прославува Успението на Пресвета Богородица. Ова не е тажен настан зашто христијаните веруваат дека Марија починала мирно, без никакви страдања. Црквите и манастирите често се посветени на овој голем настан. Руските икони обично ги прикажуваат сите апостоли собрани за проштевање од Богородица и нејзино погребување и Христос кој ја држи душата на Марија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче