Во Јарослављ ќе биде обновен единствениот храм во Русија со 15 куполи

Global Look Press
Еден од симболите на Јарослављ, храмот „Јован Претеча“ од 17-от век во Толково, единствениот во Русија со 15 куполи, ќе биде реставриран, соопшти управата на регионот во средата, 26 декември.

„Тоа е признат споменик од светско значење и единствениот храм во Русија со 15 куполи. Прикажан е на банкнотата од 1000 рубли на Банката на Русија. За време на неговата изградба се користени во тоа време сите познати начини на декорирање на камени градби: декоративна тула, глазирани керамички плочки, различни бои за камен, позлатени орнаменти долж работ на куполите“, рече за оваа светиња директорот на регионалното одделение за заштита на објекти од културното наследство Александар Филјаев. 

Тој истакна дека бројот на сижеа прикажани на фреските е околу 3000, што е најголема збирка во православните храмови.

Како што соопшти раководителот на проектот за заштита на културното наследство Фарид Хасимов, веќе се извршени прелиминарни испитувања, утврдена е состојбата на материјалите на архитектонско-конструктивните и декоративните елементи. Во најскоро време ќе бидат поставени привремена заштитна ограда и осветлување.

„Планирани се работи на сите објекти што го сочинуваат архитектонскиот комплекс, вклучително и реставрацијата на фреските на централниот храм. Нив во рекордно краток рок (од 1694 до 1695 година) ги насликале 16 јарославски мајстори. Ќе биде реконструирана и реставрирана оградата на зградата. Проектната документација за сите овие работи ќе биде завршена во првиот квартал на 2020 година“, објаснуваат властите. Ќе бидат проверени носечките структури, поставено внатрешно и надворешно осветлување, како и осветлувањето на камбанаријата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња