Сè што треба да знаете за најпознатата црква во Русија

Panthermedia / Vostock-photo
На 12 јули се навршија 455 години од „раѓањето“ на една од главните и најпознатите фотографски атракции во Москва - храмот Василиј Блажени. „Руска реч на македонски“ ви ги претставува 8 најинтересни факти од нејзината историја.

1. Изградена во чест на победата

Црквата на Црвениот плоштад е изградена во периодот 1555-1561 година по наредба на царот Иван Грозни во чест на победата над Казањското ханство, извојувана во денот на Покровот на Богородица.

Црквата е наречена Собор на Покровот на Богородица на Ровот, зашто до 1813 година Кремљ кон Црвениот плоштад имал одбранбен ров.

4 од 8 параклиси на храмот се крстени по црковните празници, кои означиле клучни настани за време на Казањскиот поход. Петтиот е наречен во чест на Св. Троица - според една од верзиите во средниот век тука се наоѓала Троицката црква.

2. Симбол на небесниот Град

Според една од верзиите храмот го симболизира Небесниот Ерусалим или со други зборови - Царството Божјо, чии ѕидови се украсени со скапоцени камења. Според друга архитектите се обиделе да го рекреираат Цариградскиот Влахернски храм, во кој се случило чудото на Покров - тогаш пред насобраните кои се молеле за заштита од војските на Сарацените се јавила Богородица и го покрила со покровот целиот христијански свет.

Lori / Legion-MediaLori / Legion-Media

3. 9 цркви во една

Врз темелите на идниот храм првично една по друга биле изградени девет мали цркви, обединети со галерии и премини. Интересно е дека во 16 век подземниот дел на конструкцијата се користел како складиште за царската благајна и за заштедите на богатите жители на градот. Надворешниот дел на соборот бил направен од тули.

Секоја епоха оставала свои траги врз архитектонскиот изглед на соборот. По пожарот во 1595 година црквата добила куполи. Тие стануваат разнобојни дури во 18 век. На крајот на 17 век се појавува фриз кој ја опкружува зградата и ја опишува историјата на храмот. Тој преживува до крајот на 18 век. Во 1817 година за време на поправка на Црвениот плоштад архитектот Осип Бове ги зајакнува потпорни ѕидови на соборот со камења и става лиено железна ограда.

4. Второто име на храмот е во чест на московскиот јуродив

Второто име на споменикот - Собор на Василиј Блажени - не е случајно. Московскиот јуродив Василиј поседувал дарба да предвидува и го претскажал пожарот во 1547 година, во кој била уништена речиси една третина од Москва. Речиси целиот свој живот тој поминал во скудност - одел без облека и чевли, па дури и во најстудените денови, немал дом. Кога починал, бил опеан од митрополитот Макариј, а на гробот го однел самиот Иван Грозни со своите бојари.

По канонизација на Василиј во 1588 година до соборот била доградена десетта црква, каде се пренесени неговите мошти и целиот ансамбл го добил називот „блажени“.Lori / Legion-MediaLori / Legion-Media

5. Авторите на соборот биле ослепени

Постојат неколку верзии кои се основачите на архитектонскиот ансамбл. Најпозната  онаа според која соборот е дизајниран од мајсторите Барма и Постник. Според легендата Иван Грозни наредил да бидат ослепени архитектите, кои направиле толку прекрасен храм, за да не може да ја повторат сопствената идеја и да не ја надминат. Тоа, сепак, е само мит: подоцна Постник го гради Благовештенскиот собор, како и ѕидовите и кулите на Казањскиот Кремљ.

Постои и друга верзија: Покровскиот собор можеби е изграден од италијански мајстор кој работел во Московскиот Kремљ.

6. Французите сакале да го кренат во воздух, а комунистите да го урнат

Соборот се наоѓа во срцето на Москва и не еднаш бил изложен на опасности. Во 1812 година, кога француската војска ја напуштала Москва, тие сакале да стават експлозив на храмот Василиј Блажени, но не успеале. На крајот на дваесеттите години од минатиот век било одлучено храмот да биде урнат: „култен објект“ во самиот центар на градот пречи на младата советска власт. Во негова одбрана застанува архитектот и реставратор Пјотр Барановски - тој дури и му испраќа телеграма на Сталин. Така Покровскиот собор не бил урнат, но неговите бранителите биле репресирани поради антисоветска активност.

7. Останата е една оригинална камбана

Камбанаријата на соборот работи и до денес, но од целата разновидност од ѕвона од моментот на неговата изградба во 16 век до денес останала само една. Во 1929 година советската власт почнала да ги топи бронзените ѕвона и како што раскажува ѕвонарот Алексеј Коновалов, по некое чудо е останата една: „Таа и до денес ги носи звуците на 16 век“.

8. Споменик на светското културно наследство

Покровскиот храм е еден од првите храмови што ги има узурпирано младата советска држава. Во 1923 година тука е отворен Историскиот музеј на архитектурата, а во 1929 година тој станува филијала на Државниот историски музеј. Во почетокот на деведесеттите години од минатиот век во храмот повторно почнуваат да се одржуваат црковни служби, вклучително и во параклисот Василиј Блажени. Во 1990 година соборот е вклучен во Листата на светското наследство на УНЕСКО.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња