Евровизија ќе се „соочи“ со Полина Гагарина

Извор: Press Photo

Извор: Press Photo

На 60 издание на музичкиот фестивал „Песна на Евровизија“ што во мај оваа година ќе се одржи во Виена, Русија ќе ја претставува пејачката Полина Гагарина со композицијата „A million voices “ (Милион гласови).

Песната „A million voices “ е резултат на соработката на повеќе автори здружени во еден тим. Во нејзиното создавање учествуваа шведските продуценти Габриел Аларес и Јоаким Бјорнберг, музичарката Катарина Нурбергер од Берлин, рускиот музичар Леонид Гуткин и композиторот Владимир Матецки. „Композицијата претставува порака за мир, а пејачката ќе се појави во едно романтично издание“, изјави продуцентот на Гагарина Константин Мелаѕе.

Фотогалерија: Press Photo, Legion Media.

„Сигурен сум дека Полина достојно ќе се претстави на натпреварувањето. Таа ќе пее песна за мирот. Во тек е подготовката на нејзиниот сценски настап. Пред неколку дена беше снимен спотот за песната. Пејачката се појавува во едно романтично издание, со оглед на тоа дека песната има возвишена содржина“, истакнува Мелаѕе. Полина Гагарина е руска пејачка, композитор и актерка. Победничка е на телевизискиот проект „Фабрика на ѕвезди 2“. Досега има објавено два албуми „Прашај ги облаците“ и „За себе“. Моментално работи на третиот албум. Нејзиното учество на Евровизија го поддржаа многу културни работници, меѓу кои е и продуцентот на пејачот Дима Билан, Јана Рудковскаја. Русија на Евровизија учествува од 1994 година. За сето ова време на натпреварувањето имаат настапено 18 претставници на Руската Федерација. Русија има победено само еднаш и тоа во 2008 година. Тогаш првото место го освои Дима Билан со песната „Believe“.

Полина Гагарина: "A million voices". Извор: Youtube.

Претходно беше објавено дека пратеникот на Законодавното собрание на Санкт Петербург Виталиј Милонов, познат по своите скандалозни изјави, му се обратил на министерот за култура на РФ Владимир Медински со предлог да се разгледа можноста Русија да ја бојкотира „Песна на Евровизија“. Тој потсети на минатогодишниот настап на „брадестата жена“ Кончита Вурст, која, според мислењето на пратеникот, бил навреда за милиони нејзини сонародници. „Тоа што се случува таму во последниве години е посебен облик на поигрување со музичката уметност и наметнување на нездрави културни стандарди“, смета Милонов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња