Антилопите повторно мигрираат од Монголија во Забајкалскиот крај

Во втората половина на декември, околу 4.500 монголски антилопи мигрираа на територијата на Сохондинскиот резерват.

Во втората половина на декември, околу 4.500 монголски антилопи мигрираа на територијата на Сохондинскиот резерват на југот во Забајкалскиот крај (југоисточен Сибир) поради големите количини паднат снег и студената зима во источна Монголија.

Монголските антилопи се на списокот на загрозени видови. Според податоците од 1994, во Монголија живеле 1,2 милиони антилопи. Ловот на овие антилопи е забранет.

Миграцијата на антилопи од Монголија во Русија е честа појава кон крајот на декември и почетокот на јануари, но не се случува секоја година. Преселувањето на голем број диви животни често доведува до интензивирање на активноста на ловокрадците. Во текот на миграцијата илјадници антилопи трпат повреди и исцрпеност, но и напади од волци. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња