Финансиската комора во 2013 ќе изврши целосна проверка на „Гаспром“, извести вчера на прес-конференцијата шефот на Финансиската комора, Сергеј Степашин.
„Таа ќе заврши наесен, некаде во ноември годинава“, рече тој.
„Ние планираме целосна проверка на таа организација, ќе ја провериме целосно ефективноста на работата на компанијата, ненаменските трошоци, гасоводите и сѐ останато“, изјави шефот на ФК. Тој подвлече дека никој не дал наредба за да се започне со проверка во „Гаспром3. „Тоа е наша сопствена иницијатива“, појасни Степашин, укажувајќи дека неговиот орган е законски обврзан да го направи тоа.
Раководителот на ФК појасни дека била направена „некоја пауза“ во однос на проверките на „Гаспром“, бидејќи компанијата потпишуваше важни меѓународни договори. „Не треба да се биде трн во око, проверки и само проверки, треба понекогаш да се мисли и за државата“, заклучи тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче