Москва со засилени мерки за безбедност за време на празнувањето на Божиќ

Во главниот град на Русија се засилуваат мерките за безбедност за време на празнувањето на Божиќ.

Во главниот град на Русија се засилуваат мерките за безбедност за време на празнувањето на Божиќ. Јавниот ред на 6-7 јануари во Москва ќе го чуваат соработниците на органите за внатрешни работи, војниците на внатрешната војска - околу 7.000 луѓе.

Во московската полиција на сите православни им го честитаа големиот православен празник и им го пренесоа планот како ќе се обезбедува јавниот ред во Москва за празничниот период. Според информациите од главната управа на МВР за Москва, засилени патроли полицијата ќе врши во 348 храмови, цркви и манастири. Само во Храмот на Исус Христос Спасителот ќе работат повеќе од 400 припадници на МВР.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.