Новиот граѓанин на Русија и глумец, Жерар Депардје, прати „писмо до руските новинари“, во кое тој ја коментира веста за прифаќањето на неговото барање за добивање руско државјанство и својот однос кон Русија, нејзината култура и граѓани. „Руска реч“ го објавува интегралниот текст на писмото на македонски јазик.
Да, поднесов барање за добивање руски пасош, и мене ми е мило што моето барање е прифатено.
Јас ја обожавам вашата држава, Русија, вашите луѓе, вашата историја, вашите писатели.
Мене ми се допаѓа како овде ги снимаат филмовите и како се работи заедно со актери како Владимир Машков.
Јас ја обожавам вашата култура, вашиот начин на размислување.
Мојот татко во свое време беше комунист и го слушаше Радио Москва! Тоа е исто така дел од мојата култура.
Во Русија е убаво да се живее. Не мора задолжително во Москва, која за мене и така е премногу голем мегалополис.
Јас го претпочитам селото, знам во Русија доста чудни места.
На пример, има едно место кое многу го сакам. Таму, каде се наоѓа Госфилмфонд, каде раководи мојот пријател Николај Бородачев. Таму, недалеку од брезовата шума, јас се чувствувам прекрасно.
Ќе го учам рускиот јазик.
Јас веќе зборував за тоа со нашиот Претседател, Франсоа Оланд. Сево ова веќе му го кажав.
Тој знае дека јас многу го сакам вашиот Претседател Владимир Путин.
И му реков дека Русија - е држава на голема демократија, не е таква држава, каде премиерот може да го нарече граѓанинот на својата држава „жално човече“.
Јас добро се однесувам кон новинарството, но во исто време ми е и мака за него, бидејќи во него, по правило, е претставена само една идеја.
Од почит кон вашиот Претседател и вашата голема држава, јас нема ништо повеќе да додавам.
Освен тоа, што се однесува до Русија, ова е извадок од проза, кој во оваа прилика ми дојде на ум...
Само во ваква голема држава ние никогаш не сме сами,
Бидејќи секое дрво, секој пејзаж нам ни носи надеж.
Во Русија нема ситничавост, таа е полна со големи чувства.
И зад тие чувства е скриена една огромна безгрешност. Во вашата големина, јас никогаш не се чувствувам сам,
Да е вечна Русија!
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче