Иркутските научници за прв пат во Русија користат беспилотно летало за истражување

Иркутскиот државен технички универзитет прв во Русија купи уникатен беспилотен хеликоптер кој е опремен со скенер и навигациони системи GPS и ГЛОНАСС.

Иркутските научници за прв пат во Русија ќе започнат со истражување на сибирските наоѓалишта со помош на беспилотен хеликоптер кој е опремен со ласерски скенер. Апаратот чини 15 милиони рубљи (околу 22.5 милиони денари).

„Овој апарат е опремен со ласерски скенер, нарачан од австриската фирма Riegl, а моторот - од Швајцарија. Нашиот универзитет е првиот кој се решава да користи беспилотни летала за изучување на наоѓалиштата“, изјави претставник од универзитетот.

Првите летови на беспилотното летало ќе се извршат напролет.

Порано оваа високообразовна установа извршувала проекти во сферата на геодезијата за најголемите компании кои се занимаваат со експлоатација на ресурси во Сибир. Геодетските работи досега се извршуваа или од земја, или со помош на хеликоптерот Ми-8, или со авионот Ан-2. Нема сомневање дека користењето на беспилотното летало е далеку поевтина варијанта. Обичниот хеликоптер троши 800 литри гориво во еден час, Ан-2 - 150 литри, додека новиот беспилотен хеликоптер - само 7 литри на час.

Беспилотното летало може да се управува од оператор, или да лета автономно со претходно зададена GPS траекторија, може да остане час и половина во воздух на височина од 500 метри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња