Најочекувани случувања од областа на туризмот во Русија во 2013

Што ги очекува Русите во туризмот во 2013?

1. Завршување на изградбата во Сочи и Краснаја Полјана

Сите олимписки објекти треба да бидат изградени и тестирани во 2013 година. Во сочи во јуни ќе се отворат 45 нови хотели со 27.000 соби. Од нив 10% ќе бидат со пет ѕвезди, а 30% - со четири ѕвезди. Во Краснаја Полјана за Олимпијадата ќе биде изграден нов, современ зимски комплекс „Роза Хутор“, каде веќе се одржани првите пробни натпревари. Според мислењето на туристичките агенции, после Олимпијадата популарноста на Сочи и Краснаја Полјана кај руските туристи ќе се зголеми забележително. Луѓето ќе сакаат да видат што е изградено и да бидат на местото на одржување на Олимпијадата.

 

2. Универзијада во Казањ

Светската летна Универзијада во 2013 ќе се одржи во Казањ од 6 до 17 јули. Во најголемите студентски натпревари на планетата, во главниот град на Татарстан ќе се отворат 15 нови хотели со 1.500 места. Како што се очекува, во Казањ ќе дојдат спортисти и делегати од 150 држави, а со нив и навивачите и туристите. Властите на градот веќе сметаат на тоа, дека Универзијадата ќе го привлече вниманието кон Казањ, а значи, ќе се зголеми бројот на туристи од 1,2 до 2 милиона луѓе годишно. Експертите, сепак, имаат страв дека можеби и нема да биде доволен бројот на сместувања.

 

3. Укинување на влезните визи во Русија за учесниците во настани

Возможноста за 10-дневно безвизно престојување на територијата на Русија за странските учесници на различни официјални настани може да биде воведена во 2013 година. Тоа го соопштува Министерството за култура на Русија. Станува збор само за странците кои доаѓаат во Русија како учесници (т.е. имаат покана или карта) во различен вид настани - деловни, бизнис, културни, спортски и други.

Експертите повеќепати подвлекуваат дека воведувањето на безвижен режим меѓу Русија и развиените држави може да го зголеми нивниот интерес кон Русија како туристичка дестинација, значи, и да се зголемат и доходите од туризмот. Во 2011 година, Русија, според податоците на Светскиот совет за туризам и патувања, заработила речиси 90 милијарди долари, што изнесува 5,9% од рускиот БДП.

 

4. Година на кинескиот туризам во Русија

2013 година е прогласена за Година на кинескиот туризам во Русија. Целта на организаторите - е да се подобрат резултатите од Годината на рускиот туризам во Кина. Притокот на кинески туристи во Русија за првите девет месеци во 2012 година изнесува 276.000, зголемување од 41% за разлика од претходната година.

Дел од најуспешните настани во Годината на рускиот туризам ќе бидат повторени: посебно авто трката меѓу Русија и Кина за новинарите од двете држави.

Исто така ќе биде организиран прес-тур за стотици руски новинари и тури за запознавање со земјата (наменети за претставниците на руските туристички фирми во Кина). Во Кина ќе се одржи и меѓународна пракса за наставниците и студентите на 100 руски туристички факултети. Ќе биде снимен и документарен филм „Здраво, Кина!“.

 

5. Воведување на визи за Русија од страна на Хрватска

Хрватска, која на 1 јули 2013 година официјално ќе влезе во Европската Унија, од 1 април воведува визи за граѓаните на Русија. Туристичките оператори сметаат дека воведувањето на визниот режим ќе доведе до намалување на туристите од Русија во Хрватска. Добивањето на виза, најверојатно ќе има формален карактер, но самиот факт дека мора да се даваат документи за виза, често ги оттргнува туристите од намерата да посетат некоја земја. Министерството за надворешни работи на Хрватска ги увери руските компании дека ќе се обиде да го упрости процесот за добивање на визи. За таа цел, Хрватска планира да отвори визни центри на територијата на цела Русија.

 

6. 1150-годишнина од создавањето на Смоленск

Смоленск, еден од најдревните градови во Русија, ќе одбележи 1150 години од своето создавање во 2013 година. Смоленск се наоѓа на 378 км југо-западно од Москва и во него денес живеат околу 330.000 жители. Во него ќе бидат реализирани програми за развиток на туризмот до 2015 година, како што се создавање на автотуристички дел долж трасата М1, како и туристичка маршрута „Стариот Смоленски пат“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.