Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (4)

Народни херои: од оган, од вода и од рушевини

4. Народни херои: од оган, од вода и од рушевини

Има еден американски психолог кој се вика Филип Зимбардо. Тој е доста познат. Неговиот експеримент во затвор и работата околу восприемањето на времето се најдоа речиси во сите учебници. Сега Зимбардо се занимава со темата, која тој ја  нарече „обичен хеоризам“.

 Си живее обичен човек - не е специјалец, не е претседател, не е истражен судија. Оди тој на обична работа, навечер пие обичен кефир, а некогаш и обично пиво. А потоа во еден момент се случуваат необични нешта: пожар, дефект, несреќа. И пред човекот се појавува избор, или ќе си рече себе си: „Ова не е моја работа“, или ќе преземе одговорност. И тој ја избира одговорноста. Во реалноста тоа е доста тешко да се направи во обични услови, а не пак во војна. И тој извршува подвиг. А потоа одново станува обичен човек кој оди на својата обична работа и пие обично пиво.

- Ама каков подвиг! Ако јас не влезев таму - тогаш, можеби, некој друг ќе влезеше, - раскажуваше на новинарите таксистот од Томск, Александар Оконечников. Во декември минатата година тој спаси од запален стан четири деца.

- Во мојата постапка нема никакво херојство! Сметам дека било кој разумен човек би постапил исто, кажува стариот учител по физичка култура, Владимир Снатенков. Летото тој спаси две давенички во реката Дон.

- Јас не направив ништо посебно... Само ја извршував својата работа. А вие од ситници правите хероизам од космички димензии, кажува началникот во Ростовската пожарна единица, Александар Пономаернко. Во октомври тој, ризикувајќи го својот живот, спаси 147 луѓе од задимената болница.

Експериментите на Зимбардо, Милгрем и другите социјални психолози покажаа дека луѓето се подготвени да се потчинат и на притисокот на условите. Барем, повеќето. Но, сепак, има и такви кои се подготвени да пројават и хуманизам и да се спротивстават на таа норма. Имено, тоа се нашите херои. А, замислете, тие патуваат со нас во ист автобус!

Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (3)

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња