Руските експерти велат дека постигнатиот договор е „вистински продор“ за домашните одгледувачи на живина. Извор: Росијскаја газета.
На Русија ѝ е официјално одобрен извоз на пилешко месо во Европа. Комисијата на Европската Унија донесе соодветен пропис, а таа информација за Росијскаја газета“ е потврдена од Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола („Росселхознадзор“).
Според оценката на Руското здружение на одгледувачи на живина, Русија до 2020 може да го зголеми вкупниот извоз на производи од пилешко месо на 500 илјади тони годишно.
Оваа година се извезени 50 илјади тони, додека во 2011 година беа извезени 40 илјади тони.
Освен тоа, годинава Русија извезе во странство преку 75 милиони јајца.
„Нашите ветеринарни инспектори со колегите од Европска унија осум години работеа на ова прашање. Во Русија редовно беа повикувани инспекции за да се запознаат со нашиот систем. Бевме целосно отворени, им ги покажувавме нашите претпријатија и лаборатории и ги запознававме со конкретни стручњаци кои се грижат за безбедноста на производот“, изјави за „Росијскаја газета“ Алексеј Алексеенко, портпарол на „Росселхознадзор“.
Резултатите од завршната проверка на Европската комисија покажаа дека компетентните ветеринарни органи обезбедуваат исполнување на неопходните барања поврзани за производство и извоз на пилешко.
Руските експерти велат дека постигнатиот договор е „вистински продор“ за домашните одгледувачи на живина. Русија никогаш нема продавано пилешко во Европа. Од нашата земја пилешкото месо одеше само во земјите од Југоисточна Азија: во Виетнам, Малезија и на Тајланд.
Но сепак, засега е рано да се зборува за тоа дека испораката на овие производи во Европа многу бргу, смета Андреј Терјохин, раководител на Асоцијацијата на дистрибутери на пилешко на рускиот пазар. „Во Европа постојат методи на управување со состојбата на пазарот по пат на количински и тарифни ограничувања. Сега наша главна задача е да постигнеме договор а конкретен обем на извоз на руското пилешко месо“, смета претставник на оваа стопанска гранка и додава дека руските одгледувачи на пилиња побарале квотата за увоз на месо да изнесува 250 илјади тони годишно. „Тоа сè уште не значи дека во 2013 година ќе извезуваме 250 илјади тони. Во кој период ќе ја постигнеме оваа бројка зависи од успехот на преговорите на претставниците на Министерството за економски развој на Русија со европските колеги“, изјави Андреј Терјохин.
Зборувајќи за видовите производи, експертот истакна дека Русија е подготвена да извезува во Европа необработено пилешко месо, односно исчистено пилешко, пилешки гради и пилешко месо исчистено од коски. Во Европската унија во моментов многу е барано токму белото месо, така што пилешките гради од Русија ќе бидат како нарачани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче