Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (2)

Антарктичка страница „Восток“. Веројатно, кога зборуваме за екстреми, ова е баш она место со најмногу такви суперлативи. Имено на ова место руските научници го извршија најголемото географско откритие во втората половина на ХХ век.

2. Езерото Восток: поглед во бездната

Антарктичка страница „Восток“. Веројатно, кога зборуваме за екстреми, ова е баш она место со најмногу такви суперлативи. Овде е забележана најниската температура на Земјата - речиси -90 под нулата. За да не биде сѐ толку убаво, овде друштво прави и силниот ветер. Височината над морето изнесува 3,5 километри и се чувствува силен недостаток на кислород. „Тоа е аклиматизација, лоша планинска болест која ги мачи новодојдените во првите три дена.“, кажува во својот блог Алексеј Екајкин.

Имено на ова место руските научници го извршија најголемото географско откритие во втората половина на ХХ век. Во време кога мислиме дека сѐ е пронајдено, сѐ е препливано, сѐ е опишано - кому можеше да му дојде на ум дека ќе се открие езеро кое по површина е поголемо од Македонија!?

Во Русија веднаш се појавија неколку поводи за гордост. Одамна рускиот географ, тогаш и кнез и анархист, Петар Кропоткин, заедно со други научници, ја претскажа возможноста за постоење на езеро со течна вода под дебелиот лед. Во 50-те години на ХХ век, нашиот географ Андреј Капица, со помош на сеизмички сонди успеа да го пресмета фактот дека постои огромно езеро речиси во центарот на Антарктикот. Некаде во тоа време се појави и советската станица „Восток“. Тогаш никој не ни помисли дека таа ќе стане удобна почетна точка за понатамошно откривање на ова уникатно езеро. Не го ни планираа тоа кога се започна со дупчење на ледот. Целта беше друга - со сондите од различни длабочини да се определи каква била климата пред илјадници години.

На тој начин руската научна заедница го потврди постоењето на „нашето“ езеро.

Веднаш дојдоа и потврдите дека руската технологија за дупчење е една од најсигурните во светот, бидејќи истата не предизвика никакво еколошко загадување на езерото кое е старо 15 милиони години.

Додека се пишува овој текст, научниот број „Академик Фјодоров“ се упатува од Кејптаун кон Антарктикот. На него се наоѓаат учесници во експедицијата во новата сезона, меѓу нив и такви, кои ќе ја продолжат научната работа на „Восток“.

Засега работата ќе се ограничи само со проби од езерото. За некоја година ќе се пратат сонди кои ќе изгледаат исто како и космичките апарати. Можеби тогаш ќе успеат Русите да открија во езерото живот, што ќе биде сензација која има малку современи споредби.

Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (1)
Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (3) 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.