Путин вели дека Јапонија покажува подготвеност за разговори

Новата владејачка партија во Јапонија испраќа сигнали дека е подготвена да потпише мировен договор со Русија.

Новата владејачка партија во Јапонија испраќа сигнали дека е подготвена да потпише мировен договор со Русија. Москва е повеќе од спремна за ваквиот развој на настаните.

Рускиот претседател спомна дека добил сигнали од Јапонија сака да го реши долгогодишниот статус-кво со Русија. Либерално-Демократската партија победи на изборите неодамна во Јапонија, па на премиерското место се очекува да дојде партискиот лидер Шинзо Абе. Тој изјавил дека сака конструктивно да дојде до решение за територијалните спорови кои ги има Јапонија. Со оваа изјава тој алудира на проблемите околу Курилските острови (Северни Територии, како што ги нарекува Јапонија). Овој спор ги спречи двете земји да потпишат мировен договор уште од крајот на Втората светска војна.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња