Работата ќе ви дојде дома

Новиот стил на организација на работното место ги намалува дополнителните расходи за персонал (32%) и за работно место (34%), помага во привлекувањето на висококвалификуваните кадри (27%) и нивното задржување на работа (23%). Извор: Press Photo.

Новиот стил на организација на работното место ги намалува дополнителните расходи за персонал (32%) и за работно место (34%), помага во привлекувањето на висококвалификуваните кадри (27%) и нивното задржување на работа (23%). Извор: Press Photo.

Се очекува дека за две години бројот на руските фирми што ќе можат да им предложат на своите вработени работа на дистанца, ќе се зголеми за четири пати. Работните обврски ќе можат да ги извршуваат онаму каде им е удобно, а потребен ќе им биде само компјутер.

Податоците од истражувањето на агенцијата Vanson Bourne велат дека до 2020 година фирмите планираат да ги намалат канцелариските простории за една петтина. За десет службеници ќе се нудат 7 работни места, зашто секој работник ќе располага со пристап кон мрежата на фирмата од 6 различни уреди. Во анализата уште се вели дека по осум години една третина од службениците во Руската Федерација веќе нема да работат во канцеларија. Наместо тоа тие ќе работат од дома (38.4%), на местата каде се реализираат проектите (26%) или на територијата на клиентите и на партнерите (31%). Се очекува дека луѓето ќе се користат со апликациите на фирмите, податоците и дополнителните услуги од мобилни уреди, ако се во хотел, на летување, во кафуле или за време на патување. 20% од сите руски компании што учествувале во анкетата на Vanson Bourne, веќе го користат овој мобилен начин на работа и се очекува до крајот 2014 година процентот да порасне на 83. Новиот стил ан организација на работното место ги намалува дополнителните расходи за персонал (32%) и за работно место (34%), помага во привлекувањето на висококвалификуваните кадри (27%) и нивното задржување на работа (23%).

„На пример, некои од службениците во софтверската компанија „Јандекс“, како што се специјалистите за поддршка, медија-планерите (специјалистите кои се одговорни за медиумското планирање на рекламните кампањи), веќе одамна преминаа на работа од дистанца“, вели претставникот на компанијата Очир Манџиков. Но, тука не се вклучени луѓето, чија работа зависи од постојаниот контакт со колегите.

„Кај нас овие случаи се единични – на пример ако инвеститорот замине во друга држава и сака да си ја сочува работата кај нас – објаснува Манџиков. – Во земјите каде имаме екипи од неколку души, веднаш се стремиме да најдеме канцеларија, зашто луѓето треба да се заедно, за постојано да комуницираат, имајќи предвид дека тоа е најефикасниот начин за комуникација“, вели претставникот на компанијата „Јандекс“.

„Работата од дистанца е удобна можност што работодавачот им ја нуди на своите вработени“, вели Настасија Савина, директор на одделението за човечки ресурси во друга софтверска компанија – ABBYY.

Концептот на „работа од дистанца“ е општоприфатена светска практика, подвлекува Владимир Химанич, директор на претставништвото на „Мајкрософт“ за Русија.

Развојот на IT-индустријата во земјата исто така дозволува фирмите да го зголемат бројот на „мобилните службеници“, но засега руското трудово законодавство не го уредува ова прашање, односно овој вид работа, подвлекува тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.