Не е исклучено руски војници да се упатат на границата помеѓу Таџикистан и Авганистан, доколку Таџикистан го побара тоа од Русија.
„Ако таџикистанската страна ни се обрати со такво барање, тоа секако ќе биде разгледано. За ова прашање иницијативата мора да потекне од колегите од Таџикистан“, изјави ополномоштениот претставник на РФ во Организацијата за договор за колективна безбедност (ОДКБ), Игор Љакин-Фролов.
Москва и Душанбе годинава веќе ратификуваа договор за разбирање и соработка, кој предвидува мерки за нудење помош на Таџикистан во заштитата на границите. Со ова прашање веќе се занимаваат руските специјалисти кои се наоѓаат на лице место.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче