„Еколозите сакаат да креваат паника...“

„Тезите на статијата се темелат на експерименти направени врз лабораториски глувци, кои небаре умреле од рак, бидејќи како храна за нив била употребувана генетски модифицирана пченка.“ Фотографија од слободни извори.

„Тезите на статијата се темелат на експерименти направени врз лабораториски глувци, кои небаре умреле од рак, бидејќи како храна за нив била употребувана генетски модифицирана пченка.“ Фотографија од слободни извори.

Во последно време во општеството повторно се создаде паника околу производите што се добиени од генетски модифицирани организми (ГМО). Стравот е поттикнат од статијата што ја објавија група француски и италијански научници, а кои тврдат дека консумирањето генетски модифицирана пченка предизвикува рак.

Михаил  Гелфанд, професор на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, заменик-директор на Институтот за пренос на информации при Руската академија на науките: 

„Тезите на статијата се темелат на експерименти направени врз лабораториски глувци, кои небаре умреле од рак, бидејќи како храна за нив била употребувана генетски модифицирана пченка. Притоа воопшто не е земен предвид одамна докажаниот факт дека лабораториските глувци уште на почетокот се подложни на оваа болест и дека кај 45% од глувците се развиваат тумори до осумнаесеттиот месец од животот. Меѓународната научна јавност утврди дека ова истражување не е доволно поткрепено со факти.

Во принцип, оваа тема се проучува веќе десетина години; научната јавност го има проверувано влијанието на ГМО врз организмот и се покажало дека не постои механизам за нанесување штета.

Но, многу еколошки организации ја поддржаа приказната за опасната пченка и почнаа да влеваат страв во јавноста. Во принцип, оваа тема се проучува веќе десетина години; научната јавност го има проверувано влијанието на ГМО врз организмот и се покажало дека не постои механизам за нанесување штета. Затоа можеме веднаш да ја заборавиме сета таа бесмислица против генетски модифицираната храна.

Еколозите се служат со ирационални и со емоционални аргументи, тие предизвикуваат сензации, а луѓето реагираат на тоа. Сите не го разбираат јазикот на науката: тој е сталожен, рационален, па на тој начин не ги вознемирува луѓето. А, различни еколошки движења најчесто се извор на псевдонаука.

И уште нешто. Јас не тврдам дека апсолутно сите еколози кои креваат паника не се разбираат во денешната наука. Постојат и такви на кои можеме да им веруваме. Но, човекот мора да избира проверени извори на информации. Јас верувам дека луѓето можат самостојно да се занимаваат со образование и напредок.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња