Како Путин стана бренд

Автор на карикатурата: Наталија Михајленко.

Автор на карикатурата: Наталија Михајленко.

Претседателот на Русија Владимир Путин го дочекува својот 60 роденден како еден од највлијателните политичари во светот. Едни го слават, други, пак, го демонизираат. Во татковината и во странство тој сѐ помалку се третира како жив човек и постепено станува бренд, т.е. матрица во која што секој ја гледа она што сака да го види.

Магазинот „Форбс“ пред две години го стави Владимир Путин на второто место на листата најмоќни светски политичари, зад Барак Обама, но пред претседателот на Кина Ху Џинтао. Сепак, Путин сите го доживуваат како посебна појава, т.е. не го поврзуваат со земјата со која тој управува. И не може да се каже дека тоа е негова заслуга или вина. Излезе дека претседателот на Русија е најизразито олицетворение за состојбата во целиот свет, оние турбулентни преодни ситуации во кои се наоѓа целиот меѓународен систем и сите држави кои го сочинуваат тој систем. Тој е симбол за тие ситуации, само што за едни е позитивен, а за други негативен.

Русија навистина е ослабната по распадот на СССР, но сепак останува една од најактивните земји која не ги крие своите амбиции. Ставовите на Русија не можат да се игнорираат со оглед на нејзиниот комбиниран нуклеарно-енергетски потенцијал.

Путин дојде на власт со паролата за стабилност во Русија, и тоа во моментот кога светот веќе ја беше прославил победа на Западот во студената војна и сѐ тргна главечки. Состојбата во светот со голема брзина сѐ повеќе стануваше недефинирана по распадот на дотогашната вообичаена структура.

Трескавичниот обид на Западот да го зајакни светскиот систем создаден според западните шаблони, доведе до состојба кога конструкцијата почна да се ниша од сите страни. Но, бидејќи таа конструкција е единствена и целосна како никогаш порано, тогаш сите ги чувствуваат последиците на нечии непромислени потези. Меѓутоа, стабилизацијата која се реализира однатре се спротивставува со дестабилизацијата која доаѓа однадвор. Со други зборови, Путин се најде во противфаза.

За многу луѓе во светот Путин е „типичен“ непријател на прогресот, симбол на застарени погледи и старомодни методи. Меѓутоа, во реалноста, рускиот претседател очигледно, живее со постојан гнев кој периодично излегува на површина. Тој гнев е насочен против политичарите од водечките светски сили кои со своите потези како намерно да го нишаат меѓународниот систем со цел да ја разлабават секоја поткрепа.

Во своите статии и јавни настапи Путин секогаш искажува една иста мисла: светот е опасен и непредвидлив, а потезите на големите сили го прават уште поопасен. Се чини дека тоа е очигледно, но од некоја причина, секој пат се потврдува дека иницијаторите на војните, нападите, интервенцијата и реформите подоцна се секогаш изненадени од последиците. Тоа се гледа кај многу примери што ни ги дава поновата историја, од Ирак до Либија.

Во последниве години го обновувавме скелетот на државата, урнат во деведесеттите години, по распадот на СССР, и сега тој скелет треба да се зацврсти, а за таква доградба потребно е време, рече Путин на еден предизборен состанок во февруари.

Путин не е осамен во неприфаќањето на актуелната состојба, но во противењето на таквата состојба тој според околностите се најде на истурена позиција. Тоа е и разбирливо. Прво, Русија навистина е ослабната по распадот на СССР, но сепак останува една од најактивните земји која не ги крие своите амбиции. Второ, ставовите на Русија не може да се игнорираат, со оглед на нејзиниот комбиниран нуклеарно-енергетски потенцијал. И трето, тоа придонесува и за личните особини на претседателот Путин – толкава непосредност и отвореност не е типична за политичари од негов ранг.

Многумина кои гледаат од страна се уверени дека Путин е лукав стратег, кој има „голем план“ во неколку точки: добро осмислена експанзија, обнова на империјата, зајакнување на вертикалната власт и враќањето на СССР. Во таквата конструкција ликот на претседателот на Русија добива дополнителен ореол на надмоќ. Работите, меѓутоа, стојат поинаку. И самиот Путин не верува во стратегија.

Претседателот на Русија е реакционер во таа смисла што попрво би се впуштил во реакција, те. реагирање, отколку некои други политички потези. Нему му е својствено само да одговара на импулсите кои доаѓаат однатре и однадвор. Тогаш тој точно знае од каде потекнува предизвикот и од каков карактер е, па може да реагира правилно и без грешки.

Реакционерноста во друго значење, те. во друга смисла спротивна на промените, во почетокот не беше својствена за Путин. Таа особина тој ја постигнува до таа мера, при што доаѓа до заклучок дека сé што е ново од некои причини само ја влошува ситуацијата.

Рускиот претседател, очигледно, живее со постојан гнев кој периодично излегува на површина. Тој гнев е насочен против политичарите од водечките светски сили кои со своите потези како намерно да го нишаат меѓународниот систем со цел да ја разлабават секоја поткрепа.

Сé поголемите надворешни турбуленции го загрижуваат Путин пред сé затоа што се во корелација со внатрешните фактори за нестабилност и ги зајакнуваат. Путин, како и многу други негови конзервативни претходници, секогаш говори за тоа како на земјата и е потребно време за стабилен, постојан и контролиран развој, и како е сѐ уште рано сѐ да се препушти на слободната демократска стихија.

Во последниве години го обновувавме скелетот на државата, урнат во деведесеттите години, по распадот на СССР, и сега тој скелет треба да се зацврсти, а за таква доградба потребно е време, изјави Путин на еден предиизборен состанок во февруари. Интересни се одбраните изрази на Путин. Тоа не е перестројка која што ја беше измислил Михаил Горбачов и која многу граѓани на Русија ја доживуваат како друг израз за катастрофа. Путин зборува за доградба, а тоа е внимателно надоврзување на она што е веќе изградено.

Путин сфаќа дека протестите со кои разбуденото општеството го дочека неговото враќање во Кремљ не се само подбуцнувања од Запад (иако тој, секако, верува и во тоа), ами дека тоа е и показател на социјалните промени што се одвиваат во општеството. Покрај тоа, тој е уверен дека учесниците на протесните митинзи (дури и оние што искрено протестираат) немаат право, зашто „сѐ уште е рано, потребно е време, чекајте да доградиме...‘‘

Историјата секогаш доследно докажувала дека конзервативците никогаш не го имале она време што им било потребно. Секогаш се случувало нешто што под притисок на промените ги анулирало сите нивни напори, дури и оние што биле добри и конструктивни. Тие промени често не биле позитивни, но во времето кога се случувале никој за тоа не размислувал.

Путин се врати на чело на државата без рецепт за решавање на новонастанатите проблеми, но затоа со зајакнато чувство за опасност и ранливост за сѐ што нѐ опкружува. Тешко е да се обвини Путин заради отсуството на стратегија, бидејќи никој денес нема стратегија. Во ваков непредвидлив свет стратегијата е речиси бесмислена. Искуството на Европа покажува дека конструкциите за кои се сметало дека се добро осмислени и многу веродостојни, можат да се урнат како кула од карти. Путин како реалист и конзервативец прилично трезвено ја согледува целата сложеност на актуелните случувања, но не наоѓа одговори за бројните предизвици.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.