Московјаните носат цвеќе пред амбасадата на Франција и им оддаваат почит на жртвите во серијата терористички напади во Париз. Пред зградата на дипломатската мисија се запалени свеќи, а на импровизираниот меморијал се оставени икони, пренесува „РТ“.
Според претседателот на Франција Франсоа Оланд, одговорноста за терористичките напади ја презела „Исламската држава“, пренесува „Газета.ру“.
Ослободените заложници за француските медиуми изјавија дека напаѓачите во арената Батаклан зборувале дека се светат за француската интервенција во Сирија.
Оланд изјави дека земјата ќе се бори против терористите без милост.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче