Лавров го откри планот на Путин за борба против „Исламската држава“

Во текот на преговорите на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров со државниот секретар на САД Џон Кери и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адел ал-Џубеира на состанокот во катарскиот главен град не успеаја да се договорат за Сирија.

На состанокот во Доха шефот на руската дипломатија го изложи планот на претседателот на РФ Владимир Путин за борба против „Исламската Држава” (ИД), пишува „Комерсант”.

Според зборовите на Лавров, руската страна предлага формирање широка коалиција во која ќе учествуваат војници на вооружените сили на Сирија, Ирак и другите држави од регионот, како и Курдите.

Сепак, по преговорите Лавров ја даде следнава изјава:„Ни се чинат контрапродуктивни отворените соопштенија дека некои вооружени одреди што ги обучиле Американците и кои одат во Сирија наспроти ставот на сириската влада ќе се наоѓаат под заштита на американската авијација“, рече министерот и додаде: „Постојат многу прашања кои можат да ја усложнат задачата на борбата со тероризмот, затоа што често тешко може да се види кој со кого војува и кој кому му пречи“.

„Не мислам дека успеав да ја поколебам позицијата на САД. По ова прашање очигледно се разидуваме“, призна Лавров по преговорите.

Истовремено стана јасно дека САД усвоиле нова стратегија во однос на Сирија, според која секоја закана за „умерената опозиција“ може да претставува повод за вооружена интервенција на Вашингтон.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.