Медиуми: претставници на 74 професии ќе можат полесно да добијат руско државјанство

Согласно уредбата на Министерството за труд и социјална заштита, квалификуваните специјалисти ќе треба да одработат во Русија на струката три години, по што ќе можат да побараат државјанство

Министерството за правда на РФ ја потврди уредбата на Министерството за труд и социјална заштита на РФ за список на професии за странци кои им даваат право на добивање државјанство на Русија по упростена схема, пишува во понеделникот „Известија“.  

Првично списокот се состоеше од 211 професии, меѓу кои има тренери, сирењари, кореографи и воспитувачи, сепак конечниот број на професии е намален на 74. Според информациите на весникот, уредбата „За утврдување на список на професии (специјалности, функции) за странски граѓани – квалификувани специјалисти кои имаат право на прием во државјани на РФ по поедноставена процедура“, била потпишана пред неколку дена, по што Министерството за правда ја потврдило.

„Сега на поволности за добивање државјанство можат да сметаат, на пример, медицинари, инженери, металостругари, машинисти од различни струки, електричари, како и математичари и менаџери по економија. Тие треба да работат на струката три години, по што ќе можат да побараат државјанство“, пишува весникот.  

Како што соопштија од прес-службата на Министерството за труд и социјална заштита, списокот се формирал врз основа на ситуацијата на рускиот пазар. Прво била направена анализа во регионите, по што бил направен список од речиси илјада професии кои се итно потребни таму.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња