Репрезентацијата на Русија до 19 години втора на Европското првенство во фудбал

Репрезентацијата на Русија во решавачкиот меч загуби со 0:2 од фаворитот на турнирот – екипата на Шпанија.

Во Грција заврши Европското првенство во фудбал за играчи до 19 години. Репрезентацијата на Русија во решавачкиот меч загуби со 0:2 од фаворитот на турнирот – екипата на Шпанија.

Руските младинци предводени од Дмитриј Хомуха, успеаја да покажат ретка предност карактеристична за младинскиот фудбал: пред две години истата екипа стана најдобра во Европа за играчи до 17 години. А на ова првенство Русите успеаја да поминат во плеј-офот од група во која противници им беа Германија, Холандија и Шпанија. За место во финалето репрезентацијата на Русија ги победи домаќините – Грција – со 4:0.

Без оглед на поразот во финалето, репрезентацијата и нејзиниот тренер добија позитивни оценки од раководството на рускиот фудбал и експертите, кои ги нарекоа играчите откритие и се надеваат дека ќе видат дел од нив како дел од репрезентацијата која ќе настапи на светското првенство во 2018 година, но и дека сите очекуваат од нив прогрес.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња