Медиуми: Поклонска би можела да стане пратеник во Државната дума

Главната обвинителка на Крим Наталија Поклонска најверојатно во 2016 година ќе стане пратеничка на Долниот дом на рускиот парламент.

Главната обвинителка на Крим Наталија Поклонска најверојатно во  2016 година ќе стане пратеничка на Долниот дом на рускиот парламент. Таа ќе се кандидира како претставник на партијата „Единствена Русија”. „Партијата се базира на силни кандидати и личности од авторитет. Активностите во врска со претстојните избори за Думата се веќе во тек. Се разбира дека ги земаме предвид луѓето кои ќе бидат од полза и за партијата, но и за Русија, како што е тоа Наталија Поклонска. Во тек е дијалог за формирање на листата за Крим“, рече извор во „Единствена Русија”.

Поклонска засега не ја коментираше оваа вест. Експертите сметаат дека големиот публицитет на кримската обвинителка доведе до тоа таа да се кандидира на изборите за руската Дума. .

Наталија Поклонска во марта минатата година беше именувана на местото главен обвинител на Крим, кога полуостровот по референдумот влезе во состав на Руската Федерација.

                                                                                                                                

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња