Серуската федерација за лесна атлетика и Федерацијата за лесна атлетика на Украина склучија договор за настап на кримските атлетичари на натпревари во состав на репрезентацијата на Русија, изјави в.д. претседателот на Серуската федерација за лесна атлетика Вадим Зеличенок.
„Да кажеме најпрвин дека оваа група ќе може да настапува на руските натпревари, а на меѓународните треба да се пласираат. Но во принцип тоа ќе им биде дозволено, ќе можат да настапуваат. За нас веќе се натпреваруваше Ребрик на Купот на Русија. Никакви финансиски компензации не плаќаме, се договоривме“, изјави Зеличенок, одговарајќи на прашањето за можноста кримските ателетичари да настапат во составот на репрезентацијата на Русија на меѓународната сцена.
Тој исто така истакна дека кримските атлетичари случај да се пласираат ќе можат да настапат на Светското првенство 2015 година во состав на репрезентацијата на Русија. „во теорија кримските атлетичари ќе можат да настапат во составот на репрезентацијата на Русија на Светското првенство во Пекинг. Сепак, тоа не е крај: засега прашањето не е решено, што се однесува до двајца-тројца спортисти. Но оние кои реално би можеле да влезат во составот на репрезентацијата, доколку се квалификуваат, ќе можат без проблем да настапат. Меѓу нив е и (европската шампионка во фрлање копје за 2012 Вера) Ребрик, таа ќе може да настапи на Светското првенство“, изјави Зеличенок.
Во јуни годинава 26-годишната Ребрик се натпреваруваше под руско знаме во фазата на „Дијамантската лига“ во Римм, каде го зазеде осмото место, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче