Аналитичар: Западoт е загрижен поради присуството на руската енергетика на Балканот

Русија останува глобален играч на енергетскиот пазар и покрај санкциите што ѝ ги воведе Западот, пишува аналитичарот Анте Батовиќ за Gobal Risk Insights.

Батовиќ истакнува дека Русија „продолжува да спроведува моќна енергетска дипломатија“. Како доказ за оваа теза Батовиќ ги набројува најголемите договори во енергетската сфера кои Русија во последо време ги склучи ширум светот.   

Аналитичарот пред сѐ зборува за спогодбата со Кина во вредност од 700 милијарди долари и истакнува дека Русија ја надмина Саудиска Арабија како најголем извозник на нафта во Кина.  

На европскиот фронт, Русија успеа да најде добра алтернатива за гасоводот „Јужен тек“ и потпиша договор во вредност од 2 милијарди долари со грчката влада за изградба на „Јужноевропскиот гасовод“ (SEP) кој ќе биде продолжеток на „Турски тек“. 

Освен тоа, Русија е клучен играч на пазарот на гас на Балканот, а Србија и Македонија покажаа голема желба да учествуваат во „Турски тек“.  

„Руските компании контролираат над 70% од нафтата и нафтените деривати во Бугарија, како и целокупниот сектор за преработка на нафта во Босна и Херцеговина“, истакнува Батовиќ. 

Според него, фактот дека Русија ја контролира целокупната енергетска инфраструктура на Балканот предизвикува загриженост кај Западот.  

Сето тоа зборува дека политиката на санкции на Западот не ја спречи Русија да ги зајакне своите позиции на светскиот енергетски пазар.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.