Рајнин изјави дека во моментов пограничниот појас е подготвен за градежни работи, истакнувајќи дека на сопствениците на земјиштето што се наоѓа долж границата им биле понудени други земјишта.
„Сега 50-метарската зона е веќе слободна и подготвена за реализација на проектот „Европски бедем“, соопшти тој.
„Тоа нема да биде ѕид во вистинска смисла на зборот. Станува збор за комплекс инсталации – почнувајќи од заштитна мрежа, завршувајќи со инженерски инсталации како, на пример, противтенковски ровови“, изјави Рајнин, пренесува „Укринформ“.
Според него, во овој проект Харковската и Сумската област се приоритетни, меѓутоа потребни се 19 милиони долари за негова реализација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.